Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 36

36
Наредби во врска со мажењето на ќерките наследнички
1 # 1 Мојс 50,23 Дојдоа старешините на семејствата од родовите на синовите на Галаад, потомци на Махир, син Мана­сиев, од племињата на Јосифовиот на­род, и говореа пред Мојсеј и пред кнезовите, старешини од родовите на си­новите израелски, 2па рекоа: „Господ му заповеда на господарот наш да им дадеме земја во дел на синовите израелски со ждрепка, и на господарот наш му е заповедано од Господ, делот на Салпаад, наш брат, да им го дадеме на ќерките негови; 3#27,7ако, пак, тие се омажат за синови од некое друго израелско племе, тогаш нивниот дел ќе се одземе од делот на татковците наши и ќе се додаде кон делот на она племе, во кое тие ќе бидат омажени; и така ќе се одземе наследството нивно од делот, кој ни се падна со ждрепка нам; 4#3 Мојс 25,10а кога кај синовите на Израел ќе има јубилејна година, делот нивни ќе се до­даде кон делот на она племе, во кое тие ќе бидат омажени – делот нивни ќе се одземе од делот на татковото ни пле­ме.“ 5Тогаш Мојсеј им заповеда на сино­вите на Израел, според повелбата Гос­подова, и рече: „Право говори племето на Јосифовите потомци: 6еве, како заповеда Господ за Салпаа­довите ќерки: тие можат да бидат жени на оние што ќе им се допаднат, но можат да се омажат само со човек од племето од татковиот им род, 7#3 Мојс 25,23за да не минува делот на синовите израелски од едно племе во друго – зашто секој од синовите на Израел треба да биде приврзан кон делот од племето на неговите предци; 8#1 Лет 23,22и секоја ќерка, која наследува дел во племето на синовите израелски, треба да стане жена на некого од племето на татковиот си род, та секој од синовите на Израел да го наследува делот на своите предци; 9и да не минува делот од едно племе во друго; туку секое израелско племе ќе остане приврзано кон делот од племето на неговите предци.“ 10Како што му заповеда Господ на Мојсеј, така и направија Салпаадовите ќерки. 11Затоа Салпаадовите ќерки Махла, Тирца, Хогла, Милка и Ноа се омажија со синовите од своите стриковци; 12тие се омажија во племето од по­томците на Манасија, Јосифов син, и нивниот дел остана во племето на нивниот татко. 13#3 Мојс 7,38; 27,34Тоа се заповедите што Господ им ги даде на синовите израелски преку Мој­сеј во Рамнините Моавски, кај Јордан, спроти Ерихон.

Селектирано:

Броеви 36: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се