Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони Вовед

Вовед
На крајот од книгата Броеви ни е претставено доаѓањето на израелскиот народ во ветената земја. Книгата Повторени закони претставува нејзино продолжение во содржинска смисла, скоро целосно е посветена на трите говори на Мојсеј упатени кон Евреите (1,1–4,43; 4,44–28,68; 28,69–30,20). Во нив Мојсеј нѐ потсетува на делата што Бог во Својата бескрајна љубов ги извршил во полза на Својот народ: Тој склучил со него сојуз, го водел четириесет години низ пустината, го штител од неговите непријатели и му ги соопштувал Своите заповеди и ветувања. Сепак не станува збор само за обично повторување на законите и прераскажување на настаните опишани во претходните книги. Мојсеј тука зборува како ревносен проповедник кој со жар ги повикува своите слушатели да си спомнат за верноста на Бога и да живеат во постојано општење со вистинскиот Бог: „Послушај, Израеле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ, сакај Го Господа, твојот Бог, од сѐ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои!“ (6,4-5, цит. во Мт 22,37).
Последните четири глави од книгата содржат две поетски творби и два расказа: од една страна „Песната Мојсеева“ (32) и последниот „Мојсеев благослов“ упатен кон дванаесетте израелски колена (33), и од друга страна расказот за поставувањето на Исус Навин за наследник на Мојсеј (31) и расказот за смртта на Мојсеј (34).
Во книгата Повторени закони лежи, најверојатно, таа „Книга на законот“, која е најдена во ерусалимскиот храм во времето на цар Јосија (2 Цар 22) и го поттикнала овој јудејски цар да ја изврши познатата религиозна реформа. Во неа, се забележуваат одгласи од неговата порака не само во повеќе книги на Стариот завет (Царства, Еремија), туку и во новозаветниот библиски текст (на пр. Мт 4,4-10; Мк 12,32).
Во книгата Повторени закони се потсетуваат читателите дека среќата кон која се стреми секој човек се наоѓа во верноста кон Бога – Спасителот и Избавителот, на секое место и во сите можни околности.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се