Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 31

31
Света војна против Мидјаните
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#25,17„Одмазди им се на Мидјаните поради синовите на Израел, и потоа ќе се прибереш при народот свој.“ 3#Суд 11,36; 2 Сам 4,8; Ис 34,8; Ер 11,20; Ез 25,17; Пс 94,1И му рече Мојсеј на народот, велејќи: „Вооружете меѓу вас луѓе за војна, за да тргнат против Мидјаните, да извршат одмазда Господова над нив; 4испратете во војна по илјада од ко­лено, од сите колена на синовите изра­елски.“ 5И од илјадниците израелски беа од­делени по илјада од секое колено, вкупно дванаесет илјади вооружени за војна. 6#25,6-13; 2 Мојс 6,25И ги испрати Мојсеј во војна, по илјада од секое колено, а со нив и Фи­нес, синот на свештеникот Елеазар, со светите утвари и со труби за тревога в рака. 7#5 Мојс 20,13-14; Суд 21,11; 1 Цар 11,15-16И отидоа во војна против Мидјаните, како што му заповеда Господ на Мојсеј, и ги убија сите од машки пол; 8#Ис.Н. 13,21-22а заедно со убиените од нив ги убија и мидјанските цареви: Евиј, Рекем, Цур, Ор и Рева – пет мидјански цареви; го убија со меч и Валаам, Беоровиот син. 9#1 Мојс 34,29Мидјанските, пак, жени и децата нивни синовите израелски ги зедоа во плен; и сиот нивни добиток, и сите ста­да нивни, и целиот имот нивни го заграбија; 10#Ис.Н. 6,24; Суд 18,27сите градови нивни во нивно владение и сите села нивни со оган ги из­гореа. 11#5 Мојс 20,14; 2 Лет 28,8И го зедоа сето заграбено, од човек до добиток. 12#1 Мојс 49,27И заробените, и пленот, и заграбе­ното го донесоа пред Мојсеј, пред свеш­теникот Елеазар и пред општеството на синовите израелски, во логорот на рамнините моавски, кај Јордан, спроти Ерихон. 13Тогаш Мојсеј и свештеникот Елеа­зар и сите кнезови на општеството из­ле­гоа надвор од населбата за да ги пречекаат. 14#2 Мојс 18,21; 5 Мојс 1,15; 2 Сам 18,1И се разгневи Мојсеј на воените началници, илјадниците и стотниците што се беа вратиле од војната, 15па им рече: „Ги оставивте живи сите жени? 16#25,1-9; 2 Птр 2,15; Откр 2,14Ете тие, по советот на Валаам, беа станале причина синовите израелски да отстапат и да ги презрат наредбите од Господ, заради Фегор, затоа и дојде оној пораз врз народот Господов. 17#5 Мојс 7,2; Суд 21,11А сега, убијте ги сите деца од машки пол, убијте ги и сите жени што познале маж на машко легло; 18а сите деца од женски пол, кои не познале машко легло, оставете ги живи за себе. 19#19,11-22; 3 Мојс 21,1И останете надвор од населбата се­дум дена; сите што убиле човек и што се допреле до убиен, да се очистат на третиот и на седмиот ден, вие и вашите заробеници; 20#3 Мојс 11,32очистете ја и сета облека, сите кожни предмети, сѐ што е направено од козина, и сите дрвени садови.“ 21Потоа им рече свештеникот Еле­азар на борците што беа отишле во војна: „Еве ги наредбите на законот, кои Господ му ги заповеда на Мојсеј: 22#Ис.Н. 6,19; 22,8злато, сребро, бакар, железо, калај и олово, 23и сѐ што минува низ оган, поминете го низ оган, за да се очисти, а освен тоа, тоа треба да се очисти и со очистителна вода; а сѐ што не минува низ оган, поминете го низ вода; 24и облеката исперете ја на седмиот ден, и очистете се, и потоа влезете во населбата.“
Поделба на пленот
25И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 26#1 Сам 30,24„Преброј го заграбеното, од човек до добиток, ти и свештеникот Елеазар и началниците од племињата на опште­ството; 27#Ис.Н. 22,8и раздели го ограбеното по поло­вина, меѓу оние што војуваа што одеа во борба, и целото општество. 28А од борците што беа во војна, земи данок за Господ, по една душа на петстотини, од луѓето и од говедата, и од магарињата, и од ситниот добиток; 29земи го тоа од нивната половина и дај му го на свештеникот Елеазар за вознесување пред Господ. 30А од половината, определена за сино­вите израелски, земи по едно на педесет: од луѓето, од крупниот доби­ток, од магарињата, и од ситниот доби­ток, и дај им го тоа на левитите што служат при скинијата Господова.“ 31И направија Мојсеј и свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеј. 32И пленот што остана од грабежот што го заграбија оние, кои беа отишле во војна, беше: ситен добиток – шестотини седумдесет и пет илјади, 33крупен добиток – седумдесет и две илјади, 34магариња – шеесет и една илјада, 35луѓе – жени, кои не познале машко легло, сите беа триесет и две илјади души. 36Половината, делот на оние што беа отишле да се борат, според пребројувањето, беше: ситен добиток – триста триесет и седум илјади и петстотини глави. 37На Господ од ситниот добиток Му се дадоа шестотини седумдесет и пет глави; 38крупен добиток – триесет и шест илјади, и од тоа дар за Господ – седумдесет и две глави; 39магариња – триесет илјади и петстотини, а дел од нив за Господ – шеесет и една глава; 40луѓе – шеснаесет илјади, и данок од нив за Господ беше триесет и две души. 41И му го даде Мојсеј дарот за вознесување пред Господ, на свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеј. 42И од половината, определена за си­новите израелски што ја оддели Мојсеј од оние кои беа отишле во војната, 43а половината како дел на опште­ството беше: ситен добиток – триста триесет и седум илјади и петстотини, 44крупен добиток – триесет и шест илјади глави; 45магариња – триесет и пет илјади и петстотини глави; 46луѓе – шеснаесет илјади души. 47#18,26-32Од таа половина, определена за си­новите израелски, Мојсеј зеде педесетти дел од луѓето и од добитокот и им го даде тоа на левитите што служеа при скинијата Господова, како што му заповеда Господ.
Доброволна жртва за Господ
48И дојдоа кај Мојсеј началниците над илјадите од војската – илјадниците и стотниците, 49#Ер 23,4и му рекоа на Мојсеј: „Твоите слуги ги преброија борците што ни се до­ве­ре­ни, и ниеден од нив не загинал. 50#2 Мојс 30,16; Суд 8,24-27Еве, Му донесовме принос на Гос­под кој што нашол – златни предмети, алки, гривни, прстења, обетки и ве­ришки, за да ги очистиме своите души пред Господ.“ 51И го зедоа од нив Мојсеј и свештеникот Елеазар златото на сите тие изработки. 52#2 Мојс 30,11-26И сето злато, донесено од илјадниците и стотниците за вознесување пред Господ, беше шеснаесет илјади седумстотини и педесет шекели. 53#1 Мојс 34,29; 5 Мојс 20,14Воините беа грабале секој за себеси. 54#10,10; 2 Мојс 28,12И го зедоа Мојсеј и свештеникот Елеазар златото од илјадниците и стотниците и го внесоа во скинијата на собранието за спомен на синовите израелски пред Господ.

Селектирано:

Броеви 31: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се