Броеви 31
31
Света војна против Мидјаните
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#25,17„Одмазди им се на Мидјаните поради синовите на Израел, и потоа ќе се прибереш при народот свој.“ 3#Суд 11,36; 2 Сам 4,8; Ис 34,8; Ер 11,20; Ез 25,17; Пс 94,1И му рече Мојсеј на народот, велејќи: „Вооружете меѓу вас луѓе за војна, за да тргнат против Мидјаните, да извршат одмазда Господова над нив; 4испратете во војна по илјада од колено, од сите колена на синовите израелски.“ 5И од илјадниците израелски беа одделени по илјада од секое колено, вкупно дванаесет илјади вооружени за војна. 6#25,6-13; 2 Мојс 6,25И ги испрати Мојсеј во војна, по илјада од секое колено, а со нив и Финес, синот на свештеникот Елеазар, со светите утвари и со труби за тревога в рака. 7#5 Мојс 20,13-14; Суд 21,11; 1 Цар 11,15-16И отидоа во војна против Мидјаните, како што му заповеда Господ на Мојсеј, и ги убија сите од машки пол; 8#Ис.Н. 13,21-22а заедно со убиените од нив ги убија и мидјанските цареви: Евиј, Рекем, Цур, Ор и Рева – пет мидјански цареви; го убија со меч и Валаам, Беоровиот син. 9#1 Мојс 34,29Мидјанските, пак, жени и децата нивни синовите израелски ги зедоа во плен; и сиот нивни добиток, и сите стада нивни, и целиот имот нивни го заграбија; 10#Ис.Н. 6,24; Суд 18,27сите градови нивни во нивно владение и сите села нивни со оган ги изгореа. 11#5 Мојс 20,14; 2 Лет 28,8И го зедоа сето заграбено, од човек до добиток. 12#1 Мојс 49,27И заробените, и пленот, и заграбеното го донесоа пред Мојсеј, пред свештеникот Елеазар и пред општеството на синовите израелски, во логорот на рамнините моавски, кај Јордан, спроти Ерихон. 13Тогаш Мојсеј и свештеникот Елеазар и сите кнезови на општеството излегоа надвор од населбата за да ги пречекаат. 14#2 Мојс 18,21; 5 Мојс 1,15; 2 Сам 18,1И се разгневи Мојсеј на воените началници, илјадниците и стотниците што се беа вратиле од војната, 15па им рече: „Ги оставивте живи сите жени? 16#25,1-9; 2 Птр 2,15; Откр 2,14Ете тие, по советот на Валаам, беа станале причина синовите израелски да отстапат и да ги презрат наредбите од Господ, заради Фегор, затоа и дојде оној пораз врз народот Господов. 17#5 Мојс 7,2; Суд 21,11А сега, убијте ги сите деца од машки пол, убијте ги и сите жени што познале маж на машко легло; 18а сите деца од женски пол, кои не познале машко легло, оставете ги живи за себе. 19#19,11-22; 3 Мојс 21,1И останете надвор од населбата седум дена; сите што убиле човек и што се допреле до убиен, да се очистат на третиот и на седмиот ден, вие и вашите заробеници; 20#3 Мојс 11,32очистете ја и сета облека, сите кожни предмети, сѐ што е направено од козина, и сите дрвени садови.“ 21Потоа им рече свештеникот Елеазар на борците што беа отишле во војна: „Еве ги наредбите на законот, кои Господ му ги заповеда на Мојсеј: 22#Ис.Н. 6,19; 22,8злато, сребро, бакар, железо, калај и олово, 23и сѐ што минува низ оган, поминете го низ оган, за да се очисти, а освен тоа, тоа треба да се очисти и со очистителна вода; а сѐ што не минува низ оган, поминете го низ вода; 24и облеката исперете ја на седмиот ден, и очистете се, и потоа влезете во населбата.“
Поделба на пленот
25И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 26#1 Сам 30,24„Преброј го заграбеното, од човек до добиток, ти и свештеникот Елеазар и началниците од племињата на општеството; 27#Ис.Н. 22,8и раздели го ограбеното по половина, меѓу оние што војуваа што одеа во борба, и целото општество. 28А од борците што беа во војна, земи данок за Господ, по една душа на петстотини, од луѓето и од говедата, и од магарињата, и од ситниот добиток; 29земи го тоа од нивната половина и дај му го на свештеникот Елеазар за вознесување пред Господ. 30А од половината, определена за синовите израелски, земи по едно на педесет: од луѓето, од крупниот добиток, од магарињата, и од ситниот добиток, и дај им го тоа на левитите што служат при скинијата Господова.“ 31И направија Мојсеј и свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеј. 32И пленот што остана од грабежот што го заграбија оние, кои беа отишле во војна, беше: ситен добиток – шестотини седумдесет и пет илјади, 33крупен добиток – седумдесет и две илјади, 34магариња – шеесет и една илјада, 35луѓе – жени, кои не познале машко легло, сите беа триесет и две илјади души. 36Половината, делот на оние што беа отишле да се борат, според пребројувањето, беше: ситен добиток – триста триесет и седум илјади и петстотини глави. 37На Господ од ситниот добиток Му се дадоа шестотини седумдесет и пет глави; 38крупен добиток – триесет и шест илјади, и од тоа дар за Господ – седумдесет и две глави; 39магариња – триесет илјади и петстотини, а дел од нив за Господ – шеесет и една глава; 40луѓе – шеснаесет илјади, и данок од нив за Господ беше триесет и две души. 41И му го даде Мојсеј дарот за вознесување пред Господ, на свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеј. 42И од половината, определена за синовите израелски што ја оддели Мојсеј од оние кои беа отишле во војната, 43а половината како дел на општеството беше: ситен добиток – триста триесет и седум илјади и петстотини, 44крупен добиток – триесет и шест илјади глави; 45магариња – триесет и пет илјади и петстотини глави; 46луѓе – шеснаесет илјади души. 47#18,26-32Од таа половина, определена за синовите израелски, Мојсеј зеде педесетти дел од луѓето и од добитокот и им го даде тоа на левитите што служеа при скинијата Господова, како што му заповеда Господ.
Доброволна жртва за Господ
48И дојдоа кај Мојсеј началниците над илјадите од војската – илјадниците и стотниците, 49#Ер 23,4и му рекоа на Мојсеј: „Твоите слуги ги преброија борците што ни се доверени, и ниеден од нив не загинал. 50#2 Мојс 30,16; Суд 8,24-27Еве, Му донесовме принос на Господ кој што нашол – златни предмети, алки, гривни, прстења, обетки и веришки, за да ги очистиме своите души пред Господ.“ 51И го зедоа од нив Мојсеј и свештеникот Елеазар златото на сите тие изработки. 52#2 Мојс 30,11-26И сето злато, донесено од илјадниците и стотниците за вознесување пред Господ, беше шеснаесет илјади седумстотини и педесет шекели. 53#1 Мојс 34,29; 5 Мојс 20,14Воините беа грабале секој за себеси. 54#10,10; 2 Мојс 28,12И го зедоа Мојсеј и свештеникот Елеазар златото од илјадниците и стотниците и го внесоа во скинијата на собранието за спомен на синовите израелски пред Господ.
Селектирано:
Броеви 31: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006