Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 22

22
Народот на Израел во рамнините моавски
Историјата на Валаам: апелот на царот
1 # 5 Мојс 32,49; Ис.Н. 2,7 Тогаш синовите израелски тргнаа и се настанија во западниот дел на Моав, од другата страна на Јор­дан, спроти Ерихон. 2#31,8.16; 5 Мојс 23,5-6; Ис.Н. 24,9-10#Суд 11,25; Мих 6,5; Откр 2,14И Валак, синот Ципоров, виде сѐ што им беше направил Израел на Аморејците. 3#2 Мојс 15,15; Јов 5,25И Моавците многу се уплашија од тој народ, бидејќи беше многуброен; затоа тие многу се уплашија од си­новите на Израел. 4Тогаш Моавците им рекоа на мидјанските старешини: „Овој народ сега истребува сѐ околу нас, како што воло­вите ја изедуваат полската трева.“ А Валак, синот Ципоров, беше моавски цар во тоа време. 5#2 Мојс 13,3; Ис.Н. 13,22; Неем 13,2; 2 Птр 2,15Тој испрати пратеници кај Валаам, синот Беоров во Петор што е крај Реката во земјата на неговите предци, да го повикаат и да му кажат: „Ете, народот што дојде од Египет, го покри лицето земно, и сега се смести близу до мене. 6Затоа дојди и проколни го тој народ, бидејќи се посилни од мене: тогаш можеби ќе бидам во состојба да ги поразам и да ги изгонам од земјата моја; бидејќи знам дека кого ќе го благо­словиш ти, тој е благословен, и кого ќе го проколнеш, тој е проколнат.“ 7И отидоа моавските старешини и старешините мидјански со подароци во рацете за врачувањето и дојдоа при Ва­лаам и му ги соопштија Валаковите зборови. 8И тој им рече: „Преспијте ноќеска овде, и јас ќе ви одговорам што да правите, онака како што ќе ми рече Господ.“ И моавските старешини оста­наа кај Валаам. 9#1 Мојс 20,3И дојде Бог кај Валаам и му рече: „Кои се оние луѓе кај тебе?“ 10Валаам Му одговори на Бога: „Моавскиот цар Валак, синот Ципоров ги испратил кај мене да кажат: 11Ете, народот што дојде од Египет, го покри земното лице; дојди, па, про­колни го; тогаш можеби ќе можам да го поразам и да го изгонам.“ 12#1 Мојс 12,2И му рече Бог на Валаам: „Не оди со нив, не проколнувај го тој народ, бидејќи е благословен.“ 13И утрината стана Валаам и им рече на кнезовите Валакови: „Вратете се во својата земја, зашто Бог не ми дозволува да одам со вас.“ 14Тогаш моавските кнезови станаа и се вратија при Валак, и му рекоа: „Ва­лаам не сакаше да дојде со нас.“ 15И Валак пак испрати кнезови, повеќе и со поголема чест од првите. 16И тие дојдоа кај Валаам и му рекоа: „Вака вели Валак, синот Ципоров: ‚те молам, не откажувај да дојдеш кај мене; 17ќе ти укажам големи почести и ќе направам сѐ што ќе ми кажеш; па дојди и проколни го тој народ.‘“ 18#1 Цар 22,14; Ер 42,4; Јов; 28,15-19; 1 Лет 18,13Валаам одговори и им кажа на слугите Валакови: „Да ми ја дадеше Валак и куќата своја, полна со злато и сребро, не можам да ја прекршам заповедта на Господ Бог, и да извршам нешто мало или големо; 19но сепак, останете и вие тука оваа ноќ, и јас ќе разберам што уште ќе ми каже Господ.“ 20#1 Мојс 20,3; 1 Лет 18,13И дојде ноќта Бог кај Валаам и му рече: „Ако овие луѓе дошле да те викаат, стани, оди со нив; но прави го само она што ќе ти го речам Јас.“ 21Утрината Валаам стана, ја оседла магарицата своја и тргна со моавските кнезови.
Магарицата на Валаам
22 # 1 Мојс 16,7; 2 Мојс 4,14 И пламна јароста Божја, затоа што тргна тој, и застана ангел Господов на патот, за да му попречи. Тој јаваше на магарицата своја, а со него и двајца слуги негови. 23#Ис.Н. 5,13И магарицата го виде ангелот Гос­подов, застанат на патот со извлечен меч во раката, па скршна од патот и тргна по полето; а Валаам почна да ја удира магарицата, за да се врати на патот. 24И застана ангелот Господов на еден тесен пат меѓу лозјата, оградени, и од едната, и од другата страна. 25Магарицата кога го виде ангелот Господов, се прилепи кон оградата и ја притисна ногата на Валаам; и тој пак почна да ја тепа. 26Но ангелот Господов пак се тргна и застана на тесно место, каде што не­маше каде да се скршне – ниту надесно, ниту налево. 27Магарицата, кога го виде ангелот Гос­подов, легна под Валаам. И се раз­гневи Валаам и пак почна да ја тепа магарицата со стапот. 28#2 Птр 2,16Тогаш ја одврза Бог устата на магарицата и таа му рече на Валаам: „Што ти направив, та ме тепаш еве веќе третпат?“ 29#Изреки 12,10; Мт 15,19Валаам ѝ рече на магарицата: „За­тоа што се подигра со мене; да имав во раката меч, сега ќе те прободев.“ 30А магарицата му рече на Валаам: „Нели сум јас твојата магарица, која ти ја јаваш од младоста твоја до денес? Сум ти правела ли вака досега?“ Тој одговори: „Не.“ 31#1 Мојс 21,19И му ги отвори Господ очите на Валаам, и тој го виде ангелот Господов, застанат на патот со извлечен меч во раката, се поклони и падна ничкум. 32#2 Кор 1,17И му рече ангелот Господов: „Зош­то ја тепаш магарицата еве веќе трипати? Јас излегов да ти го попречам патот, зашто патот твој не Ми е по волја! 33И магарицата, кога ќе ме видеше, скршнуваше од мене еве веќе трипати; ако не скршнуваше од мене, ќе те убиев, а неа ќе ја оставев жива.“ 34#1 Мојс 39,9; 1 Сам 15,24.30; Пс 51,3; Јов 33,27И му рече Валаам на ангелот Гос­подов: „Згрешив, бидејќи не знаев дека Ти стоиш на патот пред мене; и сега, ако тоа Ти е неугодно, јас ќе се вратам.“ 35И му рече ангелот Божји на Ва­лаам: „Оди со овие луѓе; само зборувај го она што Јас ќе ти го кажувам.“ И отиде Валаам со Валаковите кнезови.
Средба меѓу Валаам и Валак
36Валак, кога чу дека доаѓа Валаам, излезе да го пречека во моавскиот град, кој е во Арнонските предели, при самиот крај. 37И му рече Валак на Валаам: „Нели испратив јас при тебе да те викаат, зошто не дојде кај мене? Или зар не можам да ти укажам почести?“ 38#Ер 1,9И му рече Валаам на Валак: „Ете, јас дојдов кај тебе, но можам ли да кажам нешто од себеси? Она што Бог ќе го вложи во устата моја, тоа и ќе го кажувам.“ 39И тргна Валаам со Валак, и влегоа во Кирјат-Хуцот. 40#Ез 45,23И закла Валак волови и овци и му испрати на Валаам и на кнезовите, кои беа со него.
Валаам го благословува народот на Израел
41А утрината Валак го зеде Валаам и го качи на Бамот-Ваал, за да види оттаму еден дел од народот.

Селектирано:

Броеви 22: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се