Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 23

23
1Тогаш Валаам му рече на Валак: „Изгради ми овде седум жртве­ници и приготви ми седум телиња и седум овни.“ 2Валак направи така, како што рече Валаам; и принесоа Валак и Валаам по едно теле и по еден овен на секој жртвеник. 3И му рече Валаам на Валак: „Заста­ни при својата сепаленица, а јас ќе појдам; можеби ќе се јави Господ пред мене, и што ќе ми открие, ќе ти ка­жам.“ И замина на осамено место. 4И му се јави Бог на Валаам, а Ва­лаам Му рече: „Јас подигнав седум жрт­веници и принесов по едно теле и по еден овен на секој жртвеник.“ 5#2 Мојс 4,12.15; Ис 59,21И му вложи Господ збор во устата на Валаам и рече: „Врати се при Валак и речи вака.“ 6И се врати при него, а тој стоеше при својата сепаленица, тој и сите моавски кнезови. 7#Ис.Н. 24,9; Неем 13,2И ја изусти оваа своја песна: „Од Арам ме натера Валак да дојдам, од источните планини царот моавски ме повика: дојди, проколни ми го Јаков, и дојди, проколни ми го Израел! 8#Ис 43,13Како да проколнам некого кога Бог не го проколнува? Како да прокажам некого кога Бог не прокажува?! 9#2 Мојс 33,16; 5 Мојс 32,8; 33,28-29Од врвот на карпите го гледам, од ридовите го набљудувам: ете народ кој живее осамен и не се вбројува меѓу на­ро­дите. 10#1 Мојс 13,16; 15,5; Ис 57,1; Пс 16,3; 37,37; 116,15Кој ќе го изброи семето на Јаков и кој ќе го пресмета бројот на народот израелски. Да умре душата моја, како што умираат праведниците, и крајот мој да биде како нивниот!“ 11#Неем 13,2И му рече Валак на Валаам: „Што ми направи? Јас те повикав да ги про­колнеш непријателите мои, а пак ти, ете, ги благословуваш.“ 12Тој одговори и рече: „Не требаше ли да го кажам токму она што Господ го вложи во устата моја?“
Втор благослов на Валаам
13И Валак му рече: „Дојди со мене на друго место, од каде што ќе видиш, но само дел од него ќе видиш, а нема це­лиот да го видиш; и проколни ми го оттаму.“ 14И го одведе на едно стражарско место на врвот од Фазга, и изгради таму седум жртвеници, и принесе по едно теле и по еден овен на секој жртвеник. 15И му рече Валаам на Валак: „Стој тука при сепаленицата своја, јас, пак, ќе одам понатаму да чекам.“ 16#2 Мојс 4,15И го сретна Бог Валаам, и му вло­жи слово во устата негова, па рече: „Врати се кај Валак и кажи му така.“ 17И се врати кај него, а тој стоеше при својата сепаленица, а заедно со него и сите моавски кнезови. И му рече Ва­лак: „Што вели Господ?“ 18Тој го започна своето кажување и рече: „Стани Валак, слушај и внимавај, сине Ципоров! 19#1 Сам 15,29; Мал 3,6; Јов 9,32; Рим 11,29; Евр 6,18Бог не е човек, та да се колеба, ниту е син човечки, па да се изменува. Што ќе каже, па да не го изврши, или што ќе рече, па да не се збидне? 20#1 Мојс 22,17Ете, доведен сум да благословувам: ќе благословувам, и никако поинаку. 21Не се гледа мака кај Јаков, и не се гледа несреќа во Израел; Господ Бог е со него, и борбениот царски повик е со него. 22#24,8-9; 5 Мојс 33,17; Ис.Н. 2,10; Пс 22,20Бог го изведе од Египет: тој е брз како еднорог: 23#1 Мојс 30,27нема магии кај Јаков, нема вол­шепства во Израел; некогаш ќе речат за Јаков и за Израел: ете што направи Бог! 24#1 Мојс 49,9; 5 Мојс 33,20; Ис 49,26; Ез 19,2Ете, еден народ се подигна како лавица и се исправи како лав; нема да легне, додека не го изеде пленот свој и додека не се напие од крвта на победе­ните.“ 25И му рече Валак на Валаам: „Ни со клетва не го проколнувај, ни со бла­гослов не го благословувај.“
Трет благослов на Валаам
26И одговори Валаам и му рече на Валак: „Нели ти реков – што ќе рече Гос­под, тоа и ќе го извршам.“ 27И му рече Валак на Валаам: „Дојди, ќе те одведам на друго место; ќе Му биде секако угодно на Бога, и оттаму ќе ми го проколнеш.“ 28#5 Мојс 3,29; Ис.Н. 22,17; Пс 106,28И го поведе Валак Валаама на вр­вот од Фегор што се протега спрема пустината. 29И му рече Валаам на Валак: „Из­гради ми овде седум жртвеници и при­готви ми седум телиња и седум овни.“ 30И Валак направи, како што му рече Валаам, и принесе по едно теле и по еден овен на секој жртвеник.

Селектирано:

Броеви 23: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се