Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 11

11
Список на Јудејците дојдени за населување во Ерусалим
1 # 7,4; Ис 48,2; 52,1 И се населија старешините народни во Ерусалим, а други­те од народот фрлија ждрепка, за да излезе еден од десетмина да се насели во светиот град Ерусалим, а преостанатите девет – во другите градови. 2И народот ги благослови сите, кои доброволно се согласија да живеат во Ерусалим. 3#Езд 2,1; 2 Лет; 9,4-17Еве ги старешините на земјата што се населија во Ерусалим, а во градовите на Јудеја сите живееја на својот имот, по градовите свои: дру­гите Израелци, свештениците, левитите и слугите на храмот, и потомците на Соломоновите слуги. 4Во Ерусалим се населија и некои од потомците на Јуда и од потомците на Венијамин; од Јудините потомци: Ата­ја, син на Озија, син Захариев, син Ама­риев, син Сафатиев, син Маха­лаеилов, од потомците на Фарес, 5и Маасеја, син на Варух, син на Кол-Хозе, син на Хазаја, син на Адаја, син на Јојарив, син Захариев, потомци на Силомниј. 6Сите потомци на Фарес, што живееја во Ерусалим, беа четиристотини шеесет и осум, храбри луѓе. 7А, еве, ги потомците Венија­минови: Салу, син Мешуламов, син Јоедов, син Педаев, син Колаев, син Маасеев, син Итиелов, син Исаев, 8и по него Габај и Салај – деветстотини дваесет и осум. 9Јоил, синот Зихриев, беше начал­ник над нив, а Јуда, синот на Хасенуа, беше втор над градот. 10Од свештениците: Једаја, син на Јојарив, Јахин, 11Сераја, син Хелкиев, син Мешу­ламов, син Садоков, син Мерајотов, син на Ахитув, началник на Божјиот дом, 12и нивните браќа, кои вршеа служба во Божјиот дом, – осумстотини дваесет и двајца; и Адаја, син Јерохамов, син Пелалиев, син Амаси­ев, син Захариев, син Пашхуров, син Мелхиев, 13и браќата негови, старешини на родовите – двесте четириесет и двајца; и Амашсај, син Азариилов, син Ах­заев, син Мешилемотов, син Имеров, 14и браќата негови, мажи воинствени – сто дваесет и осум. Началник им беше Завдиел, син Хагедолимов. 15А од левитите: Шамаја, син на Ха­шув, син Азрикамов, син на Хашавија, син Буниев, 16и Шабетај, и Јозавад од левитските началници за надворешни ра­боти на Божјиот дом, 17и Матанија, син на Миха, син Завдиев, син Асафов, водител при славословието, за време на молитвата, и Бакбукија, втор по него од браќата не­гови, и Авда, син на Шамуа, син Галалов, син Једутунов. 18Сите левити од светиот град беа двесте осумдесет и четири. 19А вратари: Акув, Талмон и браќата нивни, стражари при портите – сто седумдесет и двајца. 20Другите Израелци, свештениците и левитите, живееја по сите градови на Јудеја, секој во својот дел. 21#Езд 2,43А храмовите прислужници жи­вееја во Офел: нивни началници беа Циха и Гишпа. 22Началник на левитите во Ерусалим беше Озиј, син на Ваниј, син Хашавиев, син Матаниев, син Михаев од потомците Асафови, кои беа певци при службата во Божјиот дом; 23#1 Лет 15,16зашто од царот имаше за нив посебна заповед, и имаше правило определено за певците за секој ден. 24#1 Мојс 38,30И Петахија, син Мешезавелов од потомците Зерахови, Јудин син, беше застапник на царот за сите работи што се однесуваа на народот.
Јудејското население надвор од Ерусалим
25 # 1 Мојс 35,27; 4 Мојс 21,30 Од оние, пак, што беа по селата, на нивите свои, некои од Јудините синови живееја во Кирјат-Арба и во неговата околина, во Дивон и во околината негова, во Јекавцеел и во селата негови, 26во Јешуа, во Молада и во Бет-Пе­лет, 27во Хацар-Шуал, во Вирсавија и во нивните околини, 28Во Циклаг, во Мехона и во нивни­те околини, 29во Ен-Римон, во Цора и во Јармут, 30во Заноах, Адулам и селата нивни, во Лакиш и полињата негови, во Азека и неговата околина; тие се беа сместиле од Вирсавија дури до Хиномовата Долина. 31Синовите Венијаминови живееја во Гева, во Михмаш до Ветил и во сите села негови, 32во Анатот, Нов, Ананија, 33Асор, Рама, Гитаим, 34Хадид, Цевоим, Невалат, 35Лод, Оно и во долината Харашим. 36Во деловите на Јуда и на Венијамин свои населби имаа и левитите.

Селектирано:

Неемија 11: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се