Неемија 10
10
Народот се обврзува да го чува законот
1 #
Ис.Н. 24,26
Поради сето тоа даваме цврст завет за верност и потпишуваме, и на потписот е печатот на кнезовите наши, левитите наши и свештениците наши. 2На запечатениот документ беа имињата на: Неемија, управителот, син на Хахалија, и Седекија, 3Сераја, Азарија, Еремија, 4Пашхур, Амарија, Малкија, 5Хатуш, Шеванија, Малух, 6Харим, Мерамот, Авдија, 7Даниел, Гинетон, Варух, 8Мешулам, Авија, Мијамин, 9Маазија, Билгај, Шемаја: тоа се имињата на свештениците. 10А ова се имињата на левитите: Јешуа, син на Азанија, Бинуј, од синовите на Хенадад и Кадмиел; 11и браќата нивни: Шеванија, Ходија, Келита, Пелаја, Ханан, 12Миха, Рехов, Хашавија, 13Закур, Шеревија, Шеванија, 14Ходија, Ваниј, Бенину. 15Народните старешини: Парош, Пахат-Моав, Елам, Зату, Ваниј, 16Буниј, Азгад, Бевај, 17Адонија, Бигвај, Адин, 18Атер, Езекија, Азур, 19Ходија, Хашум, Бецај, 20Хариф, Анатот, Невај, 21Магпијаш, Мешулам, Хезир, 22Мешезавел, Садок, Јадуа, 23Пелатија, Ханан, Анаја, 24Осија, Ананија, Хашув, 25Халохеш, Пилха, Шовек, 26Рехум, Хашавна, Маасеја, 27Ахија, Ханан, Анан, 28Малух, Харим, Баана. 29И другиот народ, свештеници, левити, вратари, пејачи, слуги на храмот и сите што беа минале од туѓите народи кон законот Божји, жените нивни, синовите нивни, ќерките нивни, сите што можеа да разберат, 30#Пс 119,106се присоединија кон браќата свои, кон најчесните од нив, и се обврзаа со заклетва и проклетство дека ќе постапуваат по Божјиот закон, даден преку раката на Божјиот слуга Мојсеј, и дека ќе ги пазат и извршуваат сите заповеди на Господ, нашиот Бог, и повелбите Негови, и наредбите Негови. 31#2 Мојс 34,16; Езд 9,1-2И да не ги даваат ќерките свои на туѓи народи, и нивните ќерки да не ги земаат за синовите свои; 32#13,15-22; 2 Мојс 20,8-11; 23,11; 3 Мојс 25,1-7; 5 Мојс 15,1; Ер 17,27; Ез 23,38; Амос 8,5и кога туѓите народи ќе донесат стока за продавање во сабота, да не купуваат од нив во сабота или во друг свет ден, и на седмата година да не се работи земјата и да се проштеваат секакви долгови. 33И си поставивме за закон да даваме од себе по една третина од шекел годишно за потребите на домот на нашиот Бог: 34#3 Мојс 24,6за лебовите на предложението, за редовниот лебен принос и за секојдневната сепаленица, за саботите, за новомесечијата, за празниците, за свештените предмети и за жртвите за грев за очистување на Израел, и за сѐ што се врши во домот на нашиот Бог. 35И фрливме ждрепка ние, свештениците, левитите и народот, за набавка на дрва, кога кое наше поколение, во определено време, секоја година, да ги дотерува во домот на нашиот Бог за да горат врз жртвеникот на Господ, како што е запишано во законот. 36Се обврзавме уште да принесуваме секоја година во домот Господов првини од земјата своја и првини од плодот на секое дрво; 37#2 Мојс 13,1-2; 4 Мојс 18,14-16исто така – да ги приведуваме во домот на нашиот Бог, првородените од синовите свои и од добитокот свој, како што е пишано во законот, првородените од крупниот и од ситниот добиток свој. 38#4 Мојс 15,18-21; 18,21-24И првини од меленото жито наше, и нашите приноси, и плодови од секое дрво, и вино, и масло ќе им испраќаме на свештениците во ќелиите кај домот на нашиот Бог, и десеток од земјата своја – на левитите. Тие, левитите, ќе собираат десеток во сите градови, каде што имаме земјоделство. 39#4 Мојс 18,26Со левитите, кога собираат левитски десеток, ќе има свештеник, потомок Аронов, та левитите да го однесат десетокот од својот десеток во домот на нашиот Бог, во просториите определени за клетови. 40#13,11-12Зашто во тие простории како Израеловите синови, така и левитите се должни да носат сѐ што се принесува како дар: жито, вино и масло. Таму се и свештените садови, и свештениците што служат, и вратарите и пејачите. И ние нема да го оставиме домот на нашиот Бог.
Селектирано:
Неемија 10: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006