Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 15:1-20

Марко 15:1-20 MK2006

И веднаш утредента првосвештениците, со старешините и книжниците, и целиот Синедрион, одр­жаа состанок, па Го врзаа Исус, Го од­ведоа и Го предадоа на Пилат. А Пилат Го праша: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и рече: „Ти ве­лиш.“ И првосвештениците Го обвинуваа многу. Но, Тој не одговори ништо. А Пилат пак Го праша и рече: „Ништо ли не одговараш? Гледаш кол­ку многу сведочат против Тебе!“ Но Исус ништо веќе не одговори, така што Пилат се чудеше. А на секој празник им ослободуваше по еден осуденик, кого што ќе го по­ба­раа. И имаше еден човек, по име Варава, во окови заедно со прид­руж­ни­ците, што во една буна извршиле убиство. И кога извика народот, почна да го моли Пилат да им го направи она, што го правел секогаш. А тој им одговори и рече: „Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?“ Зашто знаеше дека прво­свеш­те­ни­ците Го беа предале од завист. Но првосвештениците го наговорија народот да бара да им го пушти Ва­ра­ва. Пилат, пак, им одговори и рече: „Што сакате да направам со Оној, што Го именувавте Цар Јудејски?“ Тие одново извикаа, велејќи: „Распни Го!“ Пилат им рече: „Какво зло напра­ви­л?“ Но тие уште посилно извикаа: „Распни Го!“ Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава, а Исус Го камшикуваше и Го предаде да Го распнат. Војниците, пак, Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и по­викаа цела чета, па Му облекоа багреница, и откако сплетоа трнов венец, Му го кладоа на главата; и почнаа да Го поздравуваат: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ И Го удираа по главата со трска и плукаа на Него, Му се поклонуваа, па­ѓајќи на колена. А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ја облекоа Неговата облека и Го поведоа да Го распнат.