Матеј Вовед
Вовед
Евангелието според Матеј ја пренесува радосната вест за Господ Исус, ветениот Спасител, во Кого Бог го исполни она што го беше ветил уште во старозаветно време. Оваа радосна вест не е само за Евреите, меѓу кои Исус се родил и делувал, туку и за сите народи од целиот свет.
Евангелието според Матеј е внимателно составено. Тоа почнува со Исусовото родословие. Потоа го опишува Неговото раѓање, крштавање и искушение, и понатаму Неговите проповеди и исцелувања во галилејската област. Во продолжение запишани се дејствијата во Ерусалим, особено оние што се одиграле во текот на последната седмица пред Христовото распнување и воскресение.
Ова Евангелие Го прикажува Господ Исус како голем Учител, Кој со авторитет го толкува Божјиот закон и поучува за Божјото Царство. Неговите поуки опфатени со ова Евангелие можат да се поделат на пет теми: (1) Проповедта на гората (5–7), која ги содржи правата, должностите и карактеристиките на жителите на Божјото Царство; (2) упатства до дванаесетте апостоли (10) и задолженија за нивната мисија; (3) споредби (параболи) за Божјото Царство (глава 13); (4) поуки за следбениците (18); (5) поуки за крајот на светот и за Небесното Царство (24–25).
Селектирано:
Матеј Вовед: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006