Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Малахија 3

3
За претходникот на Месијата
1 # 1 Мојс 24,7; Ис 40,3; Мт 11,10; Мк 1,2; Лк 1,76; 7,27 И ете, Јас ќе го испратам гласникот Свој, и тој ќе го приготви патот пред Мене, и ненадејно ќе дојде во храмот Свој, Господ, Кого Го бара­те, и Ангелот на заветот, кого вие го пожелувате; ете, Тој доаѓа, вели Гос­под Саваот!
Ден за пресврт
2 # Јоил 2,11; Наум 1,6; Лк 1,17-76; Дела 13,24-25 Но кој ќе го издржи денот на Неговото доаѓање, и кој ќе издржи, кога ќе се појави Тој? Зашто Тој е како оган, што растопува, и пепелница што чисти, 3#Ер 6,29; Зах 13,9па ќе седне Тој како пречистувач на сребро, и ќе ги очисти синовите на Левиј и ќе ги претопи како злато и како сребро, за да Му принесат жртва со правда. 4#Ис 1,26Тогаш ќе Му биде мила на Господ жртвата Јудина и на Ерусалим, како во старите времиња и како во поранешните години.
Не измамувајте Го Господа
5 # 2 Мојс 22,21-22; 3 Мојс 19,13; Ер 5,28 И ќе дојдам кај вас за суд и ќе бидам брз извршител против вража­чите и прељубодејците, и против оние кои лажно се колнат и ја скусуваат платата на работникот, ги измачуваат вдовиците и сираците, ги одбиваат придојдените, и од Мене немаат страв, вели Господ Саваот. 6#4 Мојс 23,19Зашто, Јас, Господ, не се менувам; затоа вие, синови на Јаков, не бевте уништени! 7#Зах 1,3Уште од деновите на вашите татковци отстапувате од наредбите Мои и не ги пазите; вратете се кон Мене, и Јас ќе се вратам кај вас, вели Господ Саваот. Вие, пак, ќе речете, како да се вратиме? 8Смее ли човек да краде од Бога? А вие крадете од Мене! Ќе речете: „Што крадеме од Тебе?“ – од десето­кот и од приносите! 9#5 Мојс 28,15Со проклетство сте проколнати, зашто Ме крадете – вие и сиот народ. 10#3 Мојс 27,30-32; 5 Мојс 28,8.12; Изреки 3,9-10Донесете ги сите десетоци во ризницата, па да има храна во Мојот дом, и потоа испитајте Ме, вели Господ Саваот: зар нема да ги отворам отворите небески за да излијам благослов на вас, па да имате и на претек? 11Заради вас ќе им забранам на оние, што ги изедуваат плодовите земни, и лозата ваша во полето нема да остане без плод, вели Господ Саваот. 12#Ис 61,9; Ер 3,19; Лк 1,48И блажени ќе ве нарекуваат сите народи, зашто ќе бидете земја на благослови, вели Господ Саваот. 13Дрски се зборовите ваши пред Мене, вели Господ Саваот. Прашу­вате: – што зборуваме против Тебе? 14#Ис 58,3; Мих 6,8; Јов 21,14-15Велите: залудно е служењето на Бога, и каква корист имаме, ако ги пазиме наредбите Негови и одиме во жална облека пред лицето на Господ Саваот? 15#2,17; Ер 12,1Ете, гордите ние ги сметаме за подобри: напредуваат оние што вр­шат беззаконие, па, иако Го иску­шуваат Господа, си остануваа незасегнати.
Награда за верност
16 # Ез 13,9; Пс 14,4; Дан 7,10; Откр 3,5 Но оние, кои се бојат од Бога, си велат еден на друг: Господ гледа и го пази тоа, и пред лицето Негово се пишува спомен книга за оние што се плашат од Бога и го почитуваат името Негово. 17#2 Мојс 19,5; Пс 102,13; 2 Кор 6,18Тие ќе бидат Мои, вели Господ Саваот, Моја сопственост во оној ден, што го готвам, и ќе бидам милостив кон нив како што татко е милостив кон синот свој, кој му служи. 18И тогаш ќе се обратите и ќе ја видите разликата меѓу праведник и безбожник, меѓу оној кој Му служи на Бога и оној кој не Му служи.
Судниот ден
19 # Јоил 1,15; 2,5; Амос 5,18 Зашто, ете, доаѓа ден, вжарен како печка; тогаш сите горди и оние, кои постапуваат нечесно, ќе бидат ка­ко слама, и ќе ги изгори денот што иде, вели Господ Саваот; и така, нема да остане од нив ни корен, ниту гран­чиња. 20#Ер 33,6; Лк 1,78; Јн 8,12А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата, и исцелување ќе има во зраците негови, и вие ќе излезете и ќе потскокнувате како теленца од штала; 21#Мих 4,11-14и ќе ги газите нечестивите, како прав под стапалата на нозете ваши во тој ден, кога Јас ќе дејствувам, вели Господ Саваот. 22#Ис 63,11; Лк 24,44Помнете го законот на Мојсеј, слугата Мој, кому му заповедав на Хорев за сиот Израил, како и правилата и наредбите. 23#2 Цар 2,1-17; Јоил 3,4; Мт 11,14; 17,10-13Ете, Јас ќе го пратам кај вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господов – голем и страшен. 24#Ис.Н. 6,16; Лк 1,17И тој ќе ги обрати срцата на тат­ковците кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни, за да не дојдам и ја удрам земјата со проклетство!

Селектирано:

Малахија 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се