Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 6:14-23

Левитска 6:14-23 MK2006

Жртвата треба да се приготвува во тава, со масло; натопена во масло и на парчиња принесувај ја, онака како што се дели на парчиња лебниот принос; принесувај ја како благопријатен мирис пред Господ. И свештеникот меѓу синовите него­ви, што ќе биде помазан по него, нека го прави тоа; тоа е вечен закон на Гос­под. Сета жртва треба да се изгори. И секој свештенички лебен принос треба целиот да се гори, и да не се јаде.“ И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Кажи му на Арон и на синовите негови, и речи им: ова е закон за жртвата поради грев – на местото каде што се коле жртвата сепаленица, на тоа место нека се коле и жртвата за грев пред Господ, бидејќи тоа е најголема светиња. Свештеникот што ќе ја принесува, нека јаде; на свето место нека ја јаде, во дворот од скинијата на собранието. Сѐ што ќе се допре до месото нејзино ќе се освети; а ако некој ја испрска облеката своја со крвта нејзина, оној дел што ќе биде испрскан нека го испере на свето место. И садот земјен, во кој се варела, нека се скрши; ако е, пак, готвена во бакарен сад, нека се истрие и со вода нека се измие. Секое машко од свештенички род нека го јаде тоа; тоа е најголема светиња. А секоја жртва за грев, од која се внесува крв во скинијата на собранието, за да се изврши очистување во свети­лиштето, да не се јаде; таа треба да се изгори.“