Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 6:14-23

Левитска 6:14-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Жртвата треба да се приготвува во тава, со масло; натопена во масло и на парчиња принесувај ја, онака како што се дели на парчиња лебниот принос; принесувај ја како благопријатен мирис пред Господ. И свештеникот меѓу синовите него­ви, што ќе биде помазан по него, нека го прави тоа; тоа е вечен закон на Гос­под. Сета жртва треба да се изгори. И секој свештенички лебен принос треба целиот да се гори, и да не се јаде.“ И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Кажи му на Арон и на синовите негови, и речи им: ова е закон за жртвата поради грев – на местото каде што се коле жртвата сепаленица, на тоа место нека се коле и жртвата за грев пред Господ, бидејќи тоа е најголема светиња. Свештеникот што ќе ја принесува, нека јаде; на свето место нека ја јаде, во дворот од скинијата на собранието. Сѐ што ќе се допре до месото нејзино ќе се освети; а ако некој ја испрска облеката своја со крвта нејзина, оној дел што ќе биде испрскан нека го испере на свето место. И садот земјен, во кој се варела, нека се скрши; ако е, пак, готвена во бакарен сад, нека се истрие и со вода нека се измие. Секое машко од свештенички род нека го јаде тоа; тоа е најголема светиња. А секоја жртва за грев, од која се внесува крв во скинијата на собранието, за да се изврши очистување во свети­лиштето, да не се јаде; таа треба да се изгори.“

Левитска 6:14-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

„Ова е закон за лебниот принос: Ароновите синови нека го принесуваат во присуство на Господа пред жртвеникот. Откако еден од нив земе грст чисто брашно и масло од лебниот принос и сиот темјан што ќе биде на него, откако тоа ќе го изгори на жртвеникот како спомен-жртва, пријатен мирис пред Господа, остатокот - во вид на бесквасни лебови - нека го изедат Арон и неговите синови; нека го јадат на посветеното место: во дворот на Шаторот на средбата. Нека не се пече со квас. Тоа е дел од жртвите, палени за Мене, што Јас им го давам - најсветиот дел, исто како и приносот за грев и приносот за престап. Секое машко од Ароновото потомство може да го јаде тој дел од жртвите палени на Господа, и тоа е вечен закон за сите ваши поколенија: кој и да се допре до нив, ќе биде осветен.“ Господ му рече уште на Мојсеја: „Арон и неговите синови, на денот на нивното помазание, нека Му го принесат на Господа овој принос: десетина ефа од чисто пченично брашно како редовен лебен принос, половина наутро, а половина навечер. Нека биде зготвен во сад за пржење со масло. Донеси го добро наквасен и принеси Му го на Господа како пријатен мирис. Така нека го зготви свештеникот, кој - од неговите синови - ќе биде помазан за да го наследи. Тоа е вечен закон. Тоа нека се изгорува цело за Господа! Секој свештенички лебен принос треба да биде изгорен сосем; од него да не се јаде.“