Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 6:1-7

Левитска 6:1-7 MK2006

И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Заповедај му на Арон и на синовите негови, и кажи им: ова е законот за жртви сепаленици – жртвата сепаленица нека гори врз жртвеникот цела ноќ до изутрина; и огнот нека гори на жртвеникот. Свештеникот нека ја облече ленената одежда, а и ленената долна облека нека ја облече на телото свое, па потоа нека ја собере пепелта од жртвата што огнот ја изгорел и нека ја стави покрај жртвеникот. А откако ќе ги соблече одеждите свои и облече други, нека ја изнесе пе­пелта надвор од логорот на чисто место. А огнот што е на жртвеникот, нека гори на него, да не се гасне. Свеш­те­никот нека потпалува врз него дрва секое утро, и нека ја поставува на него жртвата сепаленица, нека го гори на него лојот од жртвата за мир. Огнот да гори постојано на жртве­никот, нека не се гасне. Ова е законот за лебниот принос, што ќе го принесуваат синовите Ароно­ви пред Господ при жртвеникот.