Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 6:1-7

Левитска 6:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Заповедај му на Арон и на синовите негови, и кажи им: ова е законот за жртви сепаленици – жртвата сепаленица нека гори врз жртвеникот цела ноќ до изутрина; и огнот нека гори на жртвеникот. Свештеникот нека ја облече ленената одежда, а и ленената долна облека нека ја облече на телото свое, па потоа нека ја собере пепелта од жртвата што огнот ја изгорел и нека ја стави покрај жртвеникот. А откако ќе ги соблече одеждите свои и облече други, нека ја изнесе пе­пелта надвор од логорот на чисто место. А огнот што е на жртвеникот, нека гори на него, да не се гасне. Свеш­те­никот нека потпалува врз него дрва секое утро, и нека ја поставува на него жртвата сепаленица, нека го гори на него лојот од жртвата за мир. Огнот да гори постојано на жртве­никот, нека не се гасне. Ова е законот за лебниот принос, што ќе го принесуваат синовите Ароно­ви пред Господ при жртвеникот.

Левитска 6:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господ му рече уште на Мојсеја: „Ако некој згреши и направи престап пред Господа, измамувајќи го својот ближен за нешто што му е доверено нему или за залог, а исто и со кражба или со исползување на својот ближен; или, ако најде нешто загубено, па излаже и се заколне криво, во било кој и да е грев што човек може да го стори; ако некој згреши така и стане виновен, тогаш она што го одзеде со кражба или што го придоби со искористување; или нештото што му беше доверено; или загинатата работа што ја нашол; или она за што се заколнал лажно - нека биде вратено целосно и, додавајќи му петина на тоа, нека му го даде на оној кому што му припаѓа, во истиот ден кога ќе ја сознае својата вина. Потоа на свештеникот за надомест, како принос за престап на Господа, нека му доведе од своето стадо овци еден овен без недостаток, според твоја процена, И свештеникот ќе направи да се покрие вината пред Господа, и ќе му биде простено, што и да сторил, сѐ, со што станал виновен.“