Левитска 5
5
Некои конкретни примери
1 #
Изреки 29,24
„А кога некој згреши со тоа што слушнал клетва и така станал сведок, или видел или знаел, па не кажал, тој го носи својот грев. 2#11,1-47; 4 Мојс 19,22; 5 Мојс 14,8; Ис 6,5; 52,11; Ез 36,17; Агеј 2,13; Пс 51,4Или, ако некој се допре до нешто нечисто, или до труп на нечисто диво животно, или до труп на нечист добиток, или до умрена нечиста влечуга, без да знае за тоа, тој е нечист и виновен; 3#15,1-15; 4 Мојс 19,11-16; Ез 44,25или ако се допре до некоја нечистотија човечка, која било нечистотија негова, со која се осквернува, и не знаел за тоа, но потоа дознае – виновен е. 4#4 Мојс 30,6.8А ако некој неразумно се заколне со устата своја дека ќе направи нешто лошо, или добро, а за која и да било работа, како што го прават тоа луѓето без размислување, а не е свесен за тоа, но потоа кога дознае, виновен ќе биде. 5#4 Мојс 5,7; Ис.Н. 7,19; 1 Цар 8,47Кога, пак, некој е виновен за некоја од овие работи и ќе го признае гревот свој, 6#2 Мојс 32,30нека Му принесе на Господ за гревот, што го направил – женско од ситниот добиток: овца или коза од стадото свое за гревот; и свештеникот ќе го ослободи од гревот негов.
Жртва за сиромашни
7 #
1 Мојс 15,9; 4 Мојс 6,10; Лк 2,24 Ако не може да принесе овца, тогаш нека Му принесе на Господ за гревот свој: две грлици или две гулапчиња – едно како жртва за грев, а другото како жртва сепаленица. 8Нека му ги донесе на свештеникот, а тој нека го претстави прво она што е за грев, и нека му го прекрши вратот, но главата да не ја откинува. 9#2 Мојс 24,6И со крвта од жртвата за грев нека го попрска ѕидот на жртвеникот; а крвта што ќе остане, нека ја исцеди во подножјето на жртвеникот, бидејќи е тоа жртва за грев. 10#2 Мојс 32,30А од другото нека направи жртва сепаленица, како што треба; и така свештеникот ќе го ослободи од гревот негов, што го направил, и ќе му биде простено. 11#1 Мојс 15,9; 2 Мојс 16,36А ако не може да принесе ни две грлици или гулапчиња поради тоа што згрешил, тогаш нека принесе една десетина ефа пченично брашно како жртва за грев, и нека не додава кон неа масло, ниту да става темјан, зашто жртвата е за грев. 12И кога ќе го донесе кај свештеникот, свештеникот нека земе полн грст од него за спомен, и нека го изгори на жртвеникот како жртва на Господ, бидејќи е жртва за грев. 13#2 Мојс 32,30И така ќе го ослободи свештеникот од гревот негов, со кој згрешил во нешто од ова, и ќе му биде простено; а остатокот ќе биде за свештеникот како принос од пченично брашно.“
Жртва за престап
14Пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 15#7,1-6; 2 Мојс 29,3; 4 Мојс 5,5-8; 1 Сам 6,3; Ис 53,10; Езд 10,19„Ако некој направи престап, па згреши не сакајќи во работите посветени на Господ, нека Му принесе дар на Господ за престапот свој овен без недостаток од стадото, по твоја проценка, со определена вредност во сребрени шекели, според свештениот шекел, како жртва за вина. 16#2 Цар 12,17И така, колку згрешил спрема светата работа, толку нека надомести; и на тоа нека додаде уште една петина, и нека му го даде на свештеникот; а свештеникот ќе се помоли над принесениот овен за престапот, и ќе му се прости. 17Кој згреши и направи нешто што Господ забранил да се прави, и ако не знаел, сепак е виновен и го носи својот грев. 18Нека му доведе на свештеникот како жртва за вина здрав овен од стадото, според твоја проценка, а свештеникот нека се помоли за престапот, што го направил поради незнаење, и ќе му се прости. 19Тоа е жртва за вина: виновен е пред Господ.“ 20Пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 21#1 Мојс 31,7; 2 Мојс 22,6-14; 4 Мојс 5,6; Ер 9,4-5; Пс 73,27; Дела 5,4; Кол 3,9„Ако некој згреши и направи престап против заповедите на Господ и го откаже на ближниот свој она, што му го дал на чување, или од него украдено, или пак, го измами својот близок, 22#2 Мојс 22,11; 23,4или нашол нешто загубено и тоа го одрече, или лажно се заколне за која и да било работа, како што луѓето обично прават и со тоа грешат, 23#Ез 33,15; Пс 69,4; Лк 19,8па кога така згреши и направи престап, тој треба да го врати она што го украл, или сосила го присвоил, или повереното што му било дадено на чување, или што го нашол како загубено. 24#5,16; 4 Мојс 5,7За секоја работа, за која се заколнал криво, нека го врати она истото, и на тоа нека му додаде уште една петина на оној чие е; тоа да му го даде во оној ден кога ќе ја принесува жртвата за вина. 25#4 Мојс 5,8; 2 Цар 12,17А за својата вина нека Му принесе на Господ кај свештеникот овен од стадото свое, здрав, според твоја проценка; 26#2 Мојс 32,30и свештеникот ќе го направи чист пред Господ, и ќе му се прости секоја работа, со која згрешил или направил престап.“
Селектирано:
Левитска 5: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006