Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 4

4
Жртва за првосвештеник
1 # 6,17-22; 4 Мојс 15,22-29 И уште му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#Ис.Н. 20,3.9; Евр 9,7„Кажи им на синовите израелски: ако некој згреши пред Господ не сакајќи, против која и да било заповед Господова и изврши нешто, што не треба да прави, – 3#1 Мојс 12,5; 2 Мојс 28,41; 30,10; Ез 43,19.23; Пс 66,15; Евр 9,13-14ако помазаниот свештеник згрешил и го обвинил народот, тоа за гревот свој, што го направил, нека Му принесе на Господ за гревот од крупниот добиток – теле без недостаток, 4#4 Мојс 8,12па откако ќе го доведе телето пред влезот од скинијата на собранието пред Господ, нека ја положи раката своја врз главата на телето и да го заколе телето пред Господ. 5А помазаниот свештеник нека земе од крвта од телето, и нека ја внесе во скинијата на собранието. 6#2 Мојс 25,8; 26,31-35И свештеникот нека го накваси прстот свој во крвта, и со крвта седум­пати нека попрска пред Господ спрема завесата на светилиштето. 7#2 Мојс 27,2; 29,12; 30,1-10А потоа свештеникот со таа крв не­ка ги помаже роговите на жртве­никот, на кој се кади со благопријатен мирис пред Господ, Кој е во скинијата на собранието, а остатокот од крвта на телето нека го излее во подножјето на жртвеникот за жртви сепаленици, кој е кај влезот од скинијата на собранието. 8И нека го извади сиот лој од телето за грев, лојот што ја покрива утробата и сиот лој што е на утробата; 9и обата бубрега, и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката на црниот дроб со бубрезите нека ги извади, 10#2 Мојс 29,13; 32,6онака како што се вади тоа од теле за жртва за мир; и нека ги изгори свеш­теникот на жртвеникот за жртви сепаленици. 11#2 Мојс 29,14; 4 Мојс 19,5А кожата од телето со сето месо, со главата и со крајниците, утробата и не­чис­тотијата, 12#4 Мојс 19,9; Евр 13,11целото теле нека го изнесат надвор од логорот на чисто место, каде што се истура пепелта, и нека го изгорат со оган на дрва; на местото, каде што се истура пепелта, нека се изгори.
Жртва за целата заедница
13А ако целата заедница на синовите израелски згреши, не сакајќи, а тоа се сокрие од собирот, па направат нешто што Господ забранил да се прави, и би­дат виновни; 14кога ќе се узнае гревот нивни, во што згрешиле, тогаш заедницата нека принесе здраво теле како жртва за гре­вот, и нека го доведат пред скинијата на собранието. 15А старешините на заедницата нека положат раце врз главата на телето пред Господ, и да го заколат телето пред Господ. 16А помазаниот свештеник нека вне­се крв од телето во скинијата на собра­нието. 17#4 Мојс 19,4.18Потоа нека го натопи свештеникот прстот свој во крвта, и седумпати нека попрска пред завесата на светилиштето, 18#2 Лет 29,22а од таа крв нека стави и на рого­вите од жртвеникот за кадење што е пред Господ во скинијата на собранието, додека сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот за приноси, што е кај влезот од скинијата на собранието. 19Сиот, пак, лој, откако ќе го извади од него, нека го изгори на жртвеникот. 20#2 Мојс 29,36; 32,30; Рим 3,25; Евр; 10,10-12И со тоа теле да направи онака како што прави со телето за грев – така нека направи со него; и така свештеникот ќе ги очисти, и гревот ќе им се прости. 21#2 Лет 29,21А телето цело нека го изнесат од логорот, и нека го изгорат како и првото теле; тоа е жртва за гревот на целиот народ.
Жртва за главатар
22Ако згреши главатар и направи, не сакајќи, нешто што Господ Бог забра­нил да се прави, виновен ќе биде. 23А кога ќе узнае во себеси за гревот свој што го направил, тогаш нека принесе за жртва козел, без недостаток. 24И нека ја стави раката своја врз главата на козелот и нека го заколе на она место, каде што се колат жртвите сепаленици пред Господ; тоа е жртва за грев. 25#Ез 43,20.22И нека земе свештеникот крв од жртвата за грев и со прстот свој нека ги намачка роговите на жртвеникот за сепаленици; а сета друга крв негова не­ка ја излее во подножјето на жртве­никот за сепаленици. 26#2 Мојс 32,30А сиот лој нека го изгори на жр­т­веникот како и лојот од жртвата за мир; и така ќе го очисти свештеникот од гревот негов, и ќе му се прости.
Жртва за обичен припадник на заедницата
27 # 4 Мојс 15,27-28 И ако некој од народот згреши и не сакајќи направи нешто што Господ забранил да се прави, виновен е. 28#Ез 40,39; 44,27Кога ќе узнае, пак, за гревот свој што го направил, тогаш нека принесе дар свој – коза од козите свои, без недо­статок, поради гревот што го направил; 29#1 Мојс 8,20и нека ја стави раката своја врз главата од жртвата за грев, и нека се заколе козата како жртва за грев на местото, каде што се колат жртвите сепаленици. 30Потоа нека земе свештеникот крв од неа на прстот свој и нека ги помаже роговите на жртвеникот за сепаленици: а сета друга крв нека ја излее во под­ножјето на жртвеникот. 31#1 Мојс 8,21И сиот лој од неа нека го извади како што се вади лојот од жртвата за мир, и нека го изгори свештеникот на жртвеникот за пријатен мирис пред Господ; и така ќе го очисти свеште­ни­кот, па ќе му биде простено. 32#2 Мојс 29,38Ако принесува жртва за грев јагне, нека донесе женско и без недостаток. 33И нека ја стави раката своја врз главата од жртвата за грев, па нека ја заколе поради гревот на она место, каде што се колат жртвите сепаленици. 34И свештеникот нека земе крв од жртвата за грев и со прстот свој со неа нека ги намачка роговите на жртве­никот, на кој се гори жртвата; а сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот за сепаленици. 35И сиот лој нека го извади, како што се вади лојот од јагне за жртва за мир; и нека го изгори свештеникот врз жртвеникот како жртва Господова; и така свештеникот ќе го очисти од гревот негов, што го направил, и ќе му се прости.“

Селектирано:

Левитска 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се