Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 23

23
За главните Господови празници
Саботата
1 # 2 Мојс 23,14-19; 34,18-23; 4 Мојс 28–29; 5 Мојс 16,1-17 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#Ез 44,24; Кол 2,16„Кажи им на синовите израелски и објасни им за празниците Господови, во кои треба да се свикуваат свештени собранија. Ова се празниците Мои: 3#2 Мојс 20,8-11; 4 Мојс 28,26; Евр 4,9-10во шесте денови да работите, а седмиот ден е сабота – ден за одмор, свето собрание; никаква работа да не вршите, тоа е сабота Господова во сите ваши живеалишта. 4А ова се празниците Господови, за свештени собранија, што треба да ги сви­кувате во нивните определени вре­миња:
Пасха и Бесквасници
5 # 2 Мојс 12,1-5; 23,14-17 во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот вечерта е Пасха Господова, 6#2 Мојс 12,17.19а на петнаесеттиот ден од истиот месец е Господовиот празник Бесквас­ници; седум дена јадете бесквасен леб; 7во првиот ден правете свето собрание; не вршете никаква работа; 8а во седумте дена принесувајте Му на Господ жртви огнени, и во седмиот ден пак правете свето собрание; не вршете никаква работа.“
Празник на Првиот сноп
9И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 10#2 Мојс 34,22; 4 Мојс 15,2.18; 5 Мојс 26,1-3; Рим 11,16„Јави им на синовите израелски и кажи им: кога ќе дојдете во земјата, што ви ја давам, и почнете таму да жнеете жетва, првиот сноп од жетвата ваша донесете го кај свештеникот; 11#2 Мојс 29,24тој ќе го принесе тој сноп пред Гос­под, за да добиете благонаклоност; на вториот ден од празникот свештеникот ќе го принесе; 12#2 Мојс 12,5а во оној ден кога го принесувате снопот, принесете Му на Господ и жртва сепаленица – едногодишно јагне без недостаток, 13#4 Мојс 15,4.6; 28,9а заедно со него и лебен принос – две десетини ефа пченично брашно, из­мешано со масло како жртва на Господ со благопријатен мирис и со него прелив од една четвртина ин вино; 14#4 Мојс 10,8; Ис.Н. 5,11; 1 Сам 17,17; 25,18; 2 Сам 17,28; Ер 2,3; Рута 2,14никаков нов леб, ниту печени класје, ни сурови зрна не јадете до денот, во кој ќе принесете принос на вашиот Бог: тоа нека ви биде вечна наредба во ро­довите ваши по сите ваши живеалишта.
Празник на жетвата
15Избројте од првиот ден по праз­никот, од денот во кој го принесувате снопот како вознесување – седум полни седмици, 16#Дела 2,1; 20,16до првиот ден од последната седмица избројте педесет дена, и тогаш принесете Му на Господ нов лебен принос. 17Од своите домови принесувајте два леба за вознесување, кои треба да бидат месени од две десетини ефа пченично брашно со квас, испечени и принесени како првини за Господ. 18#2 Мојс 29,41; 30,9Заедно со лебовите принесете и се­дум јагниња без недостаток, едногоди­шни и од крупниот добиток едно теле и два овна; тоа нека биде жртва сепаленица за Господ, лебен принос, и прелив кон него како жртва за благопријатен мирис пред Господ. 19Принесете исто така од козјите стада еден козел – жртва за грев, и две едногодишни јагниња како жртва за мир. 20#2 Мојс 29,24И свештеникот нека го принесе тоа со лебовите од првото жито, вознесувајќи го пред Господ, заедно со двете јагниња: тоа ќе биде светиња Господова; тоа е за свештеникот што ги принесува. 21И тој ден собирајте го народот и правете свето собрание; никаква работа не вршете во него – тоа нека ви биде вечна заповед за родовите ваши по сите ваши живеалишта. 22#19,9-10; 5 Мојс 24,19-21; Рута 2,2.15И кога жнеете жетва на вашата нива, не дожневајте ја нивата своја до крај, и она што ќе падне од твојата жетва не собирај го: остави го за сиромавиот и придојдениот. Јас сум Господ, вашиот Бог.“
Празник на трубите
23И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 24#4 Мојс 29,1-6; 2 Цар 11,14; Пс 98,6; Езд 3,1; 2 Лет 13,12„Кажи им на синовите израелски и речи им: во седмиот месец, во првиот ден од месецот, одмарајте, зашто е Празник на трубите; во тој ден правете и свето собрание. 25Никаква работа не вршете во него, и принесувајте Му на Господ жртва.“
Ден на очистувањето
26И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 27#4 Мојс 29,7-11„И десеттиот ден од седмиот месец, Денот на очистувањето, нека ви биде ден за свето собрание: смирувајте ги душите ваши и принесувајте Му жртва на Господ. 28Никаква работа не вршете во тој ден, зашто тоа е ден за очистување ваше, за да се очистите пред лицето на Господ, вашиот Бог. 29#1 Мојс 17,14; 4 Мојс 5,2; Дела 3,23А секоја душа, што не ќе го почитува тој ден, ќе биде истребена од народот свој. 30И секоја душа што ќе врши каква и да било работа во тој ден, ќе ја истребам од народот нејзин. 31Никаква работа не вршете: тоа ви е вечна наредба и за родовите ваши по сите ваши живеалишта. 32#Неем 13,19Тоа е за вас сабота – ден за починка, па затоа смирете ги душите ваши од вечерта на деветтиот ден од месецот; од едната до другата вечер празнувајте ја вашата сабота.“
Празник на сениците (колибите)
33 # 2 Мојс 23,14-17 И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 34#1 Цар 8,2; Агеј 2,1; Јн 7,2„Кажи им на синовите израелски и речи им: во петнаесеттиот ден од ис­тиот месец, седмиот месец, е Празникот на сениците, Господов празник што трае седум дена. 35Во првиот ден правете свето собрание, никаква работа не вршете; 36#Неем 8,18; 2 Лет 7,9; Јн 7,37седум дена принесувајте Му на Господ жртва; а во осмиот ден правете свето собрание, и тогаш принесувајте Му на Господ жртва; – тоа е оддание на празникот, и никаква работа не вршете. 37Тоа се Господовите празници, во кои треба да свикувате свети собранија, за да Му принесувате на Господ жртви: сепаленици, крвни и бескрвни жртви, како и преливи – секоја во својот ден, 38освен во саботите Господови, освен даровите ваши, заветите ваши, што ќе Му ги давате од благодарност на Гос­под. 39#2 Мојс 23,16; Ис 62,9А на петнаесеттиот ден од седмиот месец, кога ги собирате плодовите на земјата, празнувајте празник Господов седум дена: првиот и осмиот ден нека ви бидат за починка. 40#5 Мојс 12,7; 14,26; 28,47; Ис 44,4; Пс 66,6; 118,27; Неем; 8,14-17Во првиот ден земете плодови од убави дрвја, и гранки од палми, и гранки од широколисни дрвја како и од врби, и веселете се пред Господ, вашиот Бог седум дена. 41Празнувајте го овој празник Госпо­дов седум денови во годината: тоа е наредба за вас и за родовите ваши. Во седмиот месец празнувајте го. 42Седум дена престојувајте во колиби: секој Израелец по род треба да престојува во колиба, 43за да знаат поколенијата ваши дека Јас во колиби ги вселив синовите изра­елски, кога ги изведов од египетската земја. Јас сум Господ, вашиот Бог.“ 44И Мојсеј им соопшти на синовите израелски за празниците Господови.

Селектирано:

Левитска 23: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се