Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 22

22
Кој смее да јаде од светите жртвени приноси
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#2 Мојс 20,7; Ез 44,8; Мт 5,33„Кажи му на Арон и на синовите негови да постапуваат внимателно со светите приноси од синовите израелски и да не го осквернуваат Моето свето име во тоа, што Ми го посветуваат. Јас сум Господ. 3#4 Мојс 19,13; Езд 8,28Кажи им: ако некој во целото ваше потомство во вашите родови, имајќи на себе некаква нечистотија, пристапи кон светите дарови, што синовите Из­раелови Му ги посветуваат на Господ, да се истреби таа душа од пред Мене. Јас сум Господ. 4#22,13-15Оној човек од семето Ароново, кој е лепрозен, или има гонореја, да не јаде од светите дарови сѐ додека не се исчисти, и кој се допре до нешто нечисто: до мртовец, или кому му се случи истечување на семе, 5или кој ќе се допре до некој гад, па се оскверни, или до човек од кого се оскверни од каква и да било нечистотија, 6#Агеј 2,13тој што се допрел до тоа да биде нечист до вечерта и да не јаде од светите приноси, пред да го измие целото свое тело со вода; 7#4 Мојс 18,11но, штом зајде сонцето, и биде чист, тогаш да јаде од осветените дарови, бидејќи тоа е негова храна. 8#7,24; 17,15; 2 Мојс 22,30; 5 Мојс 14,21; Ез 4,14Мрша или ѕверојадина тој да не јаде, за да не се оскверни од нив. Јас сум Господ. 9#2 Мојс 28,38.43Нека ги пазат заповедите Мои, за да не навлечат поради нив грев врз себе и да не умрат поради нив, ако се осквернат. Јас сум Господ, Кој ги осветува. 10#2 Мојс 12,45; 29,33Никој од друг род да не јаде од светите приноси: кој се населил кај свештеник, ни наемникот негов, не смее да јаде од светите приноси. 11#1 Мојс 17,13Ако свештеникот си купи човек со пари, тој нека јаде од лебовите негови; исто така и домашните негови можат да јадат од неговите лебови. 12Ако свештеничка ќерка се омажи за човек од друг род, таа не смее да јаде од принесените свети дарови, 13а ако таа остане вдовица или биде разведена, а нема деца, и се врати во татковата куќа, како што била на млади години, тогаш таа може да јаде од лебовите на татко си; но никој од друг род не смее да јаде од нив. 14#5,14-16Кој поради незнаење јаде нешто од осветените приноси, тој дел треба да му го врати на свештеникот и да додаде кон него уште една петина од тоа. 15И да не ги осквернуваат светињите на синовите израелски, принесувани на Господ; 16и да не навлекуваат врз себе вина поради престап, со тоа што ќе јадат од нивните дарови, зашто Јас сум Господ, Кој ги осветува.“
Прописи за избор на жртвените животни
17И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 18#4 Мојс 15,16; 19,10; Ис.Н. 8,33; Пс 76,10; 116,18„Кажи им на Арон и на синовите негови и на сите синови израелски и речи им: ако некој од синовите израел­ски, или од придојдените меѓу народот израелски, било поради некакво ветување или од благодарност принесува жртви какви што Му се принесуваат на Господ, за сепаленица, 19#4 Мојс 28,11за да му се прими жртвата милостиво, таа треба да биде од машки пол од стадата волови, од овците, или од козите, без недостаток; 20#5 Мојс 15,21; 17,1; Ез 43,23; Мал 1,8; Евр 9,14; 1 Птр 1,19а сѐ што има недостаток, да не се принесува, бидејќи тоа ќе Му биде не­пријатно. 21#3,1; 2 Мојс 12,5; Мал 1,14И ако некој Му принесува на Господ жртва за мир, исполнувајќи завет или по своја волја, тогаш тоа треба да биде од крупниот или од ситниот добиток и да биде без недостаток, за да му биде примена; никаков недостаток не треба да има на неа. 22#21,18-21Животно слепо или со скршени крајници, или сакато, или краставо, или со егзема – такви не принесувајте Му на Господ и од нив не давајте на Господ жртва на жртвеникот. 23Животно од крупниот или од ситниот добиток со предолги или со претерано куси нозе можеш да принесеш како жртва по своја волја: но ако е за завет, нема да се прими. 24Животно со смачкани, згмечени, извадени или исечени тестиси не принесувај Му на Господ; во земјата ваша не правете го тоа. 25И од рацете на туѓинец не примајте такви животни за да ги принесувате како дарови на вашиот Бог, затоа што тие се повреда, имаат недостаток: тие нема да ви се примат.“ 26И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 27#2 Мојс 22,29„Кога ќе се роди теле, или јагне, или козле, да остане кај мајка си седум дена, а од осмиот ден и натаму ќе може да се принесува како дар на Господ, – 28#2 Мојс 23,19; 5 Мојс 22,6-7но не колете ни крава, ниту овца, ниту коза во ист ден заедно со нивната рожба. 29#7,11Ако Му принесувате на Господ жртва од благодарност, со радост принесувајте ја. 30#7,15Таа да се изеде истиот ден; не оставајте од месото за другиот ден. Јас сум Господ. 31#5 Мојс 4,2.40; Пс 105,45Пазете ги заповедите Мои и извршувајте ги. Јас сум Господ. 32Не осквернувајте го Моето свето име, за да бидам свет меѓу синовите на Израел. Јас сум Господ, Кој ве осветува, 33#11,44-45; 25,38; 26,45; 1 Мојс 17,7; 2 Мојс 6,6; Ер 11,4Кој ве изведов од египетската земја, за да бидам ваш Бог. Јас сум Господ.“

Селектирано:

Левитска 22: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се