Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 19

19
Како треба да Му се служи на Бога
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#11,44-45; 2 Мојс 15,11; 4 Мојс 14,5; 1 Птр 1,16„Кажи му на целото општество на синовите на Израел и речи им: бидете свети, затоа што сум свет Јас, Господ, вашиот Бог. 3#2 Мојс 20,8.12Секој да ги почитува таткото свој и мајката своја и да ги запазува Моите саботи. Јас сум Господ, вашиот Бог. 4#2 Мојс 20,4.23; 5 Мојс 27,15Не одете по идоли, и излеани богови не правете си. Јас сум Господ, вашиот Бог. 5#7,11-18Кога Му принесувате на Господ жртва за мир, принесувајте ја за да биде примена. 6Таа треба да се јаде во денот, кога ја принесувате, и вториот ден, а она што ќе остане во третиот ден, да се изгори на оган. 7Ако некој ја јаде во третиот ден, тоа е одвратно и жртвата нема да се прими. 8#1 Мојс 17,14; 4 Мојс 18,23Оној што ќе ја јаде, ќе навлече врз себе грев, бидејќи го осквернил она што Му е свето на Господ; секој таков човек ќе биде истребен од народот свој. 9#5 Мојс 24,19-22; Јов 24,10; Рута 2,2-3Кога ја собирате жетвата од земјата своја, не ја жнеј нивата своја докрај, и паднатите класја од жетвата своја не собирај ги. 10#5 Мојс 24,20А и лозјето свое не собирај го до зрно, и паднатите зрна од брањето не собирај ги; остави го тоа за сиромавиот и придојдениот. Јас сум Господ, вашиот Бог. 11#2 Мојс 20,15.16; Лк 3,14; Ефес 4,25Не крадете, не лажете и не мамете го ближниот свој. 12#2 Мојс 3,13; 20,7; 5 Мојс 18,19; Ис 42,8; Ер 5,2; 7,9; 34,16; 44,16; Мал 3,5; Мт 5,33Не колнете се лажно во Моето име, не осквернувајте го името на вашиот Бог; Јас сум Господ. 13#2 Мојс 20,15; 22,15; 5 Мојс 24,14-15; Мал 3,5; Јов 7,2; Мт 20,8Не притеснувај го и не ограбувај го ближниот свој. Надницата на наемникот твој не смее да остане кај тебе до утредента. 14#2 Мојс 4,11; 5 Мојс 27,18Не навредувај глув човек и пред слеп не ставај ништо, од кое може да се сопне; имај страв од твојот Бог. Јас сум Господ. 15#2 Мојс 23,2.8; 5 Мојс 24,17; Мал 2,9; Јов 13,8; 32,21Не прави неправда кога судиш: не биди пристрасен спрема сиромавиот и не угодувај му на големецот; суди му на ближниот свој по правда. 16#2 Мојс 23,7; Ер 9,4; Ез 22,9.12; Пс 15,3Не шири лага меѓу народот свој и не посегнувај врз животот на ближниот свој. Јас сум Господ. 17#Мт 18,15Во срцето свое не мрази го братот твој; изобличи го ближниот свој и нема да ти се прими за грев поради тоа. 18#Мт 5,43; 19,19; 22,39; Рим 12,19; 13,9; Гал 5,14; Јк 2,8Да не се одмаздува раката твоја и не биди им непријател на синовите од на­родот твој, туку сакај го ближниот свој како самиот себе. Јас сум Господ. 19Чувајте ги Моите закони: не спарувај го добитокот свој со добиток од друг род; не сеј на нивата своја два вида семе; облека ткаена од две различни преѓи не облекувај. 20#5 Мојс 22,23-27Ако некој преспие со жена, а таа е робинка, свршена за маж, но уште не­отку­пена, или уште не ѝ е дадена слобода, да се казнат и обајцата, но не со смрт, зашто таа не е слободна; 21тој нека донесе пред Господ крај влезот од скинијата на собранието жрт­ва за вина: еден овен, 22и ќе го очисти свештеникот пред Господ, преку овенот за вина, за гревот што го направил, и извршениот грев ќе му биде простен. 23Кога ќе дојдете во земјата и ќе посадите какво и да било плодно дрво, сметајте ги плодовите негови за нечис­ти; три години неговиот плод треба да е за вас нечист и да не се јаде; 24а во четвртата година секој негов плод е свет, посветен на Господ за бла­годарност. 25Во петтата, пак, година, можете да ги јадете плодовите негови и да го собирате целиот негов род. Јас сум Господ, вашиот Бог. 26#17,10-14; 1 Мојс 9,4; 30,27; 5 Мојс 18,10-12; 2 Цар 17,17; Ис 44,25Не јадете ништо со крв; не вражајте и не гатајте. 27#2 Сам 10,4-5; Ер 41,5; Ез 5,1-5Не стрижете ја главата своја нао­колу и не расипувајте го крајот од брадата своја. 28#5 Мојс 14,1; 1 Цар 18,28; Ер 16,6Заради умрен не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ. 29#1 Мојс 34,7; 5 Мојс 23,18Не осквернувај ја ќерката своја, со тоа што ќе ѝ дозволиш да врши блуд, за да не се најде земјата во блудство и да се исполни со разврат. 30#19,3; 26,2; 2 Мојс 20,8Саботите Мои пазете ги и почитувајте го она што Ми е свето. Јас сум Господ. 31#19,26; 20,6; 5 Мојс 18,11; 1 Сам 28,3-7; 2 Цар 23,24Не одете по оние што повикуваат духови на мртви, и до маѓесници не доближувајте се, и не дозволувајте да ве осквернат. Јас сум Господ, Бог ваш. 32#1 Цар 12,8; Јов 29,8; 32,4Пред бели коси станувај, почитувај го лицето на старец и имај страв од твојот Бог. Јас сум Господ. 33#2 Мојс 22,20; 5 Мојс 24,17-18Кога придојден ќе се насели во земјата ваша, не притеснувајте го; 34#2 Мојс 12,48; 22,21; 5 Мојс 10,19; Пс 146,9придојдениот меѓу вас нека ви биде исто како тукашен; сакајте го како себеси, затоа што и вие бевте придојдени во египетската земја. Јас сум Господ, Бог ваш. 35#5 Мојс 25,13-16Не правете неправда кога судите, кога мерите со метар или со тегови и кога измерувате зафатнина; 36#5 Мојс 25,13-16; Суд 6,19; 1 Сам 1,24; Ез 45,11; Ос 12,7; Амос 8,5; Јов 31,6; Изреки 11,1; 16,11; 20,10; Рута 2,17мерките ваши да ви бидат точни, теговите точни, ефата верна и хинот верен. Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од египетската земја. 37#1 Мојс 26,5; 2 Цар 17,37; Ез 18,9; Пс 119,5; 2 Лет 7,17Пазете го целиот Мој закон и сите Мои повелби, и извршувајте ги. Јас сум Господ.“

Селектирано:

Левитска 19: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се