Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 20

20
Забранети ритуали
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#18,21; 5 Мојс 12,31; 2 Цар 17,17; Пс; 106,37-38„Кажи им го на синовите израелски ова: ако некој од синовите израелски или од придојдените, кои живеат меѓу Израелците, му принесе жртва на Молох од децата свои, да умре; народот од земјата со камења да го убие. 3#Ер 7,30; Ез 5,11; Пс 74,7; 79,1И Јас ќе го свртам лицето Мое против тој човек и ќе го истребам од народот негов, затоа што му принел на Молох жртва од децата свои, за да го оскверни Моето светилиште, и да се обесчести Моето свето име. 4И ако народот од земјата ги затвори очите пред тој човек, кога ќе му принесе на Молох жртва од своите деца, и не го убие, 5#1 Цар 11,7тогаш Јас ќе го свртам лицето Мое против тој човек и против неговиот род, и ќе го истребам него и сите негови едномисленици, што ќе го следат во блудството негово, одејќи блудно по Молох. 6#19,26.31И ако некој човек тргне по оние што повикуваат мртви, и по маѓесници, за да го следат нивното блудство, Јас ќе го свртам лицето Мое против тој човек и ќе го истребам од народот негов. 7#11,44; 2 Мојс 6,2; 20,2; 29,1; 31,13; Ефес 1,4; 1 Птр 1,16Осветувајте се и бидете свети, зашто Јас сум Господ, вашиот Бог.
Забранети сексуални односи
8 # 1 Мојс 26,5; Ез 20,12 Пазете ги Моите повелби и извр­шувајте ги, зашто Јас сум Господ, Кој ве осветува. 9#2 Мојс 20,12; 21,17; 5 Мојс 21,18-21; Мт 15,4Човек, кој го навредува таткото свој или мајката своја да биде убиен; тој што го злословува таткото свој или мајката своја: виновен е. 10#18,20; 2 Мојс 20,14Ако некој изврши прељуба со ма­жена жена или со жената на ближниот свој; да бидат убиени и прељубодеецот и прељубодејката. 11#18,8Кој ќе легне со жената на таткото свој, тој ја открил голотијата на татко си; обајцата да бидат убиени; виновни се. 12#1 Мојс 38,16Ако некој легне со снаата своја, и обајцата да бидат убиени, тие извршиле нечисто дело; виновни се. 13#18,22Ако некој легне со маж како со жена, и обајцата извршиле гнасно дело: да бидат убиени, виновни се. 14#18,17; 5 Мојс 27,23Ако некој се ожени со ќерка и со мајката нејзина, тоа е беззаконие: со оган да бидат изгорени и тој и тие, за да нема беззаконие меѓу вас. 15#18,23; 2 Мојс 22,18А, ако некој пристапи кај некое животно, за да се соедини со него, убиј го него и животното: тие треба да бидат убиени – виновни се. 16И жена ако пристапи до животно, да се соедини со него, да ги убиете и жената и животното – да умрат; винов­ни се. 17Ако некој ја земе сестрата своја, или татковата ќерка, или мајкината ќерка, и ја види голотијата нејзина, и таа ја види голотијата негова: тоа е срам; да бидат истребени од својот народ: тој ја открил голотијата на сестрата своја – затоа ќе го прими гревот свој врз себе. 18#Ез 18,6Ако некој легне со жена кога е не­чиста од истечување на крв, и ја открие голотијата нејзина, истечувањето на неј­зината крв, и таа го открие исте­чувањето на својата крв: и обајцата да бидат истребени од народот свој. 19Голотијата од мајкината сестра и голотијата од сестрата на твојот татко не откривај ја, зашто таков човек от­крива роднинска голотија; тие гревот свој ќе го носат врз себе. 20И ако некој легне со својата стрина, тој ја открил голотијата на својот стрико: гревот свој нека го примат врз себе – нека умрат без деца. 21#18,16; Мт 14,3-12Ако некој ја земе братовата жена: тоа е гнасно дело; тој ја открил голотијата на братот свој, и обајцата ќе умрат без деца. 22#18,24-30Запазете ги сите Мои повелби и сите Мои заповеди и извршувајте ги – и нема против вас да негодува земјата, во која ве водам да живеете во неа. 23Не постапувајте според законите на незнабошците што ќе ги изгонам пред вас; затоа што тие сето тоа го правеа и Јас негодував против нив, 24#2 Мојс 3,8; 33,16; 4 Мојс 13,27; 5 Мојс 6,3и ви реков; вие ќе ја наследите земјата нивна и вам ќе ви ја дадам во владение земјата, каде што тече мед и млеко. Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве оддели од сите народи. 25#11,2-9; 5 Мојс 14,3-21; Дела 10,14Правете разлика меѓу чист и не­чист добиток, и меѓу чиста и нечиста птица, и не осквернувајте ги душите свои со добиток и со птица и со она што лази по земјата, она што ви го одвоив како нечисто. 26#11,44; 2 Мојс 33,16; 5 Мојс 14,2; Ис.Н. 24,19; 2 Цар 19,22; Пс 99,3Бидете свети пред Мене, затоа што Јас сум свет Господ; Јас ве одделив од сите народи за да бидете Мои. 27#19,26-31; 20,6; 5 Мојс 18,11Маж или жена, ако извикува духови на мртви, или вража, да бидат убиени; со камења да ги убиете, виновни се.“

Селектирано:

Левитска 20: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност