Исус Навин 9
9
Сојузништво со Гаваонците
1 #
5 Мојс 7,1; Суд 1,9 Откако слушнаа за тоа царевите, кои беа од оваа страна на Јордан, по планината и рамнината и по целиот брег на Големото Море, па сѐ до Ливан, – Хитијците, Аморејците, Хананците, Перизијците, Евејците и Јевусијците, 2се собраа сите, за да удрат заедно против Исус и Израел. 3#8,1Но жителите Гаваонски, откако чуја, што му направил Господ на Ерихон и на Гај, 4употребија и тие итрина; отидоа и се снабдија со храна за пат и ставија ветви вреќи на магарињата свои и ветви, испокинати и закрпени мевови за вино; 5и обувките на нозете им беа стари, закрпени, и облеката нивна – ветва; и сиот леб нивни за пат беше сув и мувлосан. 6#9,22; 1 Мојс 26,28Тие дојдоа кај Исус во логорот во Гилгал и му рекоа нему и на сите Израелци: „Ние сме дојдени од многу далечна земја и ве молиме да склучите со нас сојуз.“ 7#2 Мојс 23,32; 5 Мојс 7,2А Израелците им одговорија на Евејците: „Вие, можеби, живеете близу до нас; како ќе склучиме сојуз со вас?“ 8#2 Цар 10,5Тие му рекоа на Исус: „Ние сме твои робови.“ А Исус ги праша: „Кои сте вие и од каде сте дошле?“ 9#2,10Тие му одговорија: „Од многу далечна земја се дојдени твоите робови во името на Господ, твојот Бог, зашто ја чувме славата Негова и за сѐ што извршил Тој во Египет, 10#4 Мојс 21,24-35; 5 Мојс 1,4и за сѐ она, што им направи на двајцата аморејски цареви, кои беа од онаа страна на Јордан, на хешбонскиот цар Сихон и на башанскиот цар Ог, кој живееше во Аштарот. 11Затоа старешините наши и сите жители на нашата земја ни рекоа: земете во рацете свои леб за пат, одете им во пресрет и кажете им: Ние сме ваши робови; па, ако сакате, склучете сојуз со нас. 12Овој наш леб го зедовме од куќите наши топол во денот, кога тргнавме кон вас, а сега ете, тој се исушил и мувлосал; 13и овие мевови со вино, кои кога ги наполнивме беа нови, ете се испокинаа; и овие наши облеки и обувките изветвеа поради многу долгиот пат.“ 14И родоначалниците го зедоа нивниот леб, а Господа не Го прашаа. 15#10,1.4; 11,19Тогаш Исус склучи со нив мир и даде завет дека ќе им го зачува животот; и родоначалниците на заедницата им се заколнаа. 16А по три дена, откако склучија со нив сојуз, слушнаа дека тие биле нивни соседи и дека живеат близу до нив; 17зашто синовите Израелови кога тргнаа на пат, дојдоа до градовите нивни на третиот ден; градовите нивни, пак, беа: Гаваон, Кефира, Беерот и Кирјат-Јарим. 18#2 Мојс 15,24Но синовите Израелови не ги погубија, зашто сите кнезови народни им се заколнаа во Господ, Израеловиот Бог. Затоа целата заедница Израелова негодуваше поради родоначалниците. 19Сите родоначалници рекоа пред целата заедница: „Им се заколнавме во Господ, Израеловиот Бог, и затоа не смееме да ги допреме нив; 20а, еве, што ќе направиме со нив: ќе ги оставиме живи, за да не нѐ стигне гневот поради заклетвата, со која им се заколнавме.“ 21#5 Мојс 29,10И на родоначалниците уште им рекоа: „Нека живеат, но ќе сечат дрва и ќе носат вода за целата заедница.“ И целиот народ го прифати тоа што му рекоа родоначалниците. 22Исус ги повика и им рече: „Зошто нѐ измамивте, кога рековте: ‚ние сме многу далеку од вас, а вие сте живееле блиску до нас?‘ 23Отсега да сте проклети! Вечно ќе бидете робови, ќе сечете дрва и ќе носите вода за домот на мојот Бог!“ 24Тие му одговорија на Исус и рекоа: „Дојде до ушите на твоите робови дека Господ, твојот Бог, му заповедал на својот слуга Мојсеј дека ќе ви ја даде целата земја, и дека ќе ги погуби сите жители на оваа земја пред ваши очи; затоа ние многу се уплашивме да не ни го земете животот, па така постапивме; 25сега, ете, ние сме во твои раце: како ти се чини дека е подобро и посправедливо да постапиш со нас, така и направи.“ 26И Исус така и постапи со нив: ги избави од рацете на синовите Израелови, и тие не ги погубија. 27#5 Мојс 29,10-11И во тој ден Исус нареди тие да сечат дрва и да носат вода за заедницата и за жртвеникот на Господ дури и до денес, на она место, што ќе го избере Господ.
Селектирано:
Исус Навин 9: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006