Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 10

10
Победа над аморејските цареви
1 # 9,15 Кога ерусалимскиот цар Адони-Седек слушна дека Исус го презел Гај и го фрлил во проклетство, и дека постапил со Гај и со царот негов така, како што постапил со Ерихон и царот негов, и дека Гава­он­ците склу­чиле мир и со Израел и жи­вееја меѓу нив, 2тој многу се уплаши, бидејќи Гаваон беше голем град, како еден од царските градови, и поголем од Гај, и сите жители негови беа храбри луѓе. 3#Суд 1,5Поради тоа ерусалимскиот цар Адони-Седек испрати пратеници кај хевронскиот цар Хомам, и кај Пирам, царот јармутски, и кај Јафија, царот лахишки, и кај Давир, царот еглонски, да им кажат: 4#9,15„Дојдете кај мене и помогнете ми да го нападнеме Гаваон, затоа што склучи мир со Исус и со синовите Израелови.“ 5Тие се собраа и отидоа петмина аморејски цареви: ерусалимскиот цар, хевронскиот цар, јармутскиот цар, лахишкиот цар, еглонскиот цар, тие и целиот нивен народ, и го опседнаа Гаваон и почнаа да војуваат против него. 6#9,3-14Гаваонците испратија до Исус во логорот во Гилгал, да кажат: „Не кревај раце од твоите слуги; дојди поскоро кај нас, избави нѐ и помогни ни; зашто против нас се собрани сите аморејски цареви, што живеат во планините.“ 7Исус тргна од Гилгал, тој и со него сите способни за војна, и сите храбри мажи. 8#1,9; 2,24; 5 Мојс 7,24Тогаш Господ му рече на Исус: „Не плаши се од нив, зашто Јас ги предадов во твои раце: никој од нив нема да остане пред тебе.“ 9И ги нападна Исус ненадејно, откако целата ноќ беше одел од Гилгал. 10#2 Мојс 14,24; 5 Мојс 7,23; Суд 5,20Господ ги доведе во забуна од Из­раелците, и тие им зададоа тежок удар во Гаваон, ги гонеа по патот кон Веторон и ги напаѓаа сѐ до Азека и до Македа. 11#2 Мојс 9,18; Ис 28,2.17.21; Ез 13,11.13А кога бегаа од Израелците по па­дините на Веторонската планина, Гос­под фрлаше врз нив од небото големи камења до самиот град Азека, и тие гинеа: бројот на погинатите од камењата беше поголем, отколку на оние, што синовите Израелови ги убија со меч во борбата. 12Тогаш Исус Му рече на Господ пред Израелците во оној ден, во кој Господ Бог ги предаде Аморејците во рацете на Израел: „Запри се, сонце, над Гаваон, и ти, месечино, над долината Ајалон!“ 13#Ис 38,8; Авак 3,11И сонцето застана, и месечината стоеше, додека Бог им се одмаздуваше на нивните непријатели, како што е тоа запишано во Книгата на Праведниот: „Сонцето застана на небото и не брзаше да зајде скоро цел ден.“ 14#10,42; 2 Мојс 14,14; Ис 63,10; Ер 21,5Ни порано ни подоцна немало та­ков ден како оној, во кој Господ така послушал човечки глас. Зашто Господ војуваше за Израел. 15Потоа Исус и целиот Израел со него се вратија во логорот во Гилгал.
Исус ги погубува петте победени цареви
16 # Пс 68,12 А оние петмина цареви избегаа и се сокрија во пештерата во Македа. 17Кога му јавија на Исус и му рекоа: „Ги најдовме петмината цареви, тие се кријат во пештерата во Македа“, 18Исус рече: „Навалете големи камења пред влезот на пештерата и пос­тавете кај неа луѓе да ги чуваат; 19а вие не се задржувајте, туку гонете ги непријателите ваши, достигнете ги последните редови од нивната војска и не им дозволувајте да отидат по нив­ните градови, бидејќи Господ, ва­шиот Бог, ги предаде во вашите раце.“ 20#5 Мојс 20,16Откако Исус и синовите Израелови им зададоа многу тежок удар, прежи­веаните од нив избегаа во утврдените градови, 21целиот народ се врати мирно во логорот кај Исус во Македа, и никој не отвори уста против синовите Израе­лови. 22Тогаш Исус рече: „Отворете го влезот на пештерата и доведете ги кај мене од пештерата петмината цареви!“ 23Така и направија: ги доведоа кај него од пештерата петмината цареви: ерусалимскиот цар, хевронскиот цар, јармутскиот цар, лахишкиот цар и еглонскиот цар. 24#2 Сам 22,40; Мал 3,21; Пс 110,1Кога ги изведоа овие цареви пред Исус, Исус ги повика сите Израелци и им кажа на воените началници, што беа оделе со него: „Приближете се, стапнете со нозете свои врз вратовите на тие цареви!“ 25#5 Мојс 31,6Исус им рече: „Не плашете се и не се ужасувајте, бидете цврсти и храбри; зашто така ќе постапи Господ со сите ваши непријатели, со кои ќе војувате.“ 26Потоа Исус ги уби, и ги обеси на пет дрвја; и висеа на дрвјата до вечерта. 27#8,29; 5 Мојс 21,22На зајдисонце Исус заповеда, и ги симнаа од дрвјата, ги фрлија во пеште­рата, во која се криеја, и на влезот од пештерата натрупаа големи камења, кои се и денес таму.
Исус ги освојува градовите на југ
28 # 5 Мојс 20,16 Во истиот ден го презедоа Македа и го уништија со сечилото на мечот царот негов, и сѐ живо, што се наоѓаше во него: не оставија никој, а да не биде погоден; и со македскиот цар постапија така, како што постапија со ерихонскиот цар. 29Потоа тргна Исус и сите Израелци со него од Македа за Ливна и војуваше против Ливна. 30И ја предаде Господ и неа во рацете на Израел и ја презедоа неа и царот нејзин, и уништи Исус со меч сѐ живо, што се наоѓаше во неа; не остави во неа некој да не биде погоден, а со царот постапи така, како што постапи со ерихонскиот цар. 31Од Ливна тргна Исус и сите Израелци со него за Лакиш, постави логор пред него и почна да војува против него; 32и го предаде Господ Лакиш во рацете на Израел, и тој го презеде во вториот ден, удри по него со сечилото на мечот и по сѐ живо, што беше во него, и го уништи така, како што ја уништи Ливна. 33Тогаш на помош на Лакиш му дојде гезерскиот цар Хорам; но Исус удри по него со сечилото на мечот и по неговиот народ така, што не остави од народот некој, да избега. 34И тргна Исус и сите Израелци со него од Лакиш за Еглон, постави логор пред него и почна да војува против него; 35и го презедоа во истиот ден и удрија по него со сечилото на мечот, и со сѐ живо, што се наоѓаше во него во тој ден, постапи така, како што постапи со Лакиш. 36#Суд 1,10Потоа појде Исус и сите Израелци со него од Еглон за Хеврон, го опседнаа, 37го презеде и удри по него со сечилото на мечот и по царот негов, по сите градови негови и по сѐ живо што се наоѓаше во нив; не остави некој, што не беше убиен; како што постапи со Еглон, така го нападна и него и сѐ живо, што се наоѓаше во него. 38Потоа се врати Исус и целиот Израел со него во Давир и го опседна; 39го презедоа него, царот негов и сите села негови, и го удрија со сечилото на мечот, и истребија сѐ живо, што се наоѓаше во него: никого не остави жив; како што постапи со Хеврон и неговиот цар, со Ливна и нејзиниот цар, така пос­тапи и со Давир и царот негов. 40#11,16; 5 Мојс 20,16-17; Суд 1,9И ја порази Исус целата планинска земја, и јужните предели и рамницата и долините и сите нивни цареви; не ос­тави никого да преживее, и сѐ живо погуби, како што беше заповедал Господ, Бог Израелов. 41Ја порази Исус сета земја од Ка­дис-Барнеа до Газа и од Гесем дури до Гаваон; 42#10,14и сите тие цареви и земјите нивни Исус ги презеде веднаш, бидејќи Гос­под, Бог Израелов, му помагаше на Из­раел. 43Потоа Исус и сите Израелци со него се вратија во логорот во Гилгал.

Селектирано:

Исус Навин 10: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се