Исус Навин 18
18
Фрлање ждрепка за преостанатите племиња
1 #
2 Мојс 27,21; Суд 18,31; 21,19; Ер 7,12; Пс 78,60; Дела 7,45 И целата заедница на Израеловите синови се собраа во Силом, ја поставија таму скинијата на собранието, бидејќи земјата беше покорена од нив. 2А од синовите Израелови останаа уште седум племиња, кои не беа добиле свое наследство. 3#13,1; Суд 18,9И им рече Исус на синовите Израелови: „До кога ќе се колебате да одите да ја завладеете земјата, што ви ја даде Господ, Бог на вашите татковци? 4Изберете си меѓу себе по тројца луѓе од секое племе и јас ќе ги пратам, и тие ќе станат, ќе ја обиколат земјата и ќе ја опишат, според тоа како ќе треба да им се раздели на делови, и ќе дојдат кај мене. 5#15,1И нека ја разделат на седум делови: Јуда нека го задржи пределот свој на југ, а синовите Јосифови да останат во пределите свои на север. 6А вие разделете ја земјата на седум делови и донесете ми го предлогот овде. Јас ќе ви фрлам ждрепка пред Господ, нашиот Бог. 7#13,8.33; 13,14А за левитите нема дел меѓу вас, бидејќи свештенството Господово е нивни дел; Гад, пак, и Рувим и едната половина од племето на Манасија добија наследство од онаа страна на Јордан, на исток, што им го даде Мојсеј, слугата Господов.“ 8#Суд 18,31Тие луѓе станаа и отидоа. А на луѓето, кои отидоа за да ја опишат земјата, Исус им даде заповед: „Одете, обиколете ја земјата, обележете ја и вратете се кај мене; јас, пак, овде ќе ви фрлам ждрепка пред Господ, во Силом.“ 9Тие луѓе отидоа, ја обиколија земјата, ја разгледаа и ја обележија, според градовите нејзини, на седум делови, па дојдоа кај Исус во логорот, во Силом. 10Исус им фрли ждрепка во Силом пред Господ, и ја раздели таму Исус земјата меѓу синовите Израелови, според тоа како што се делеа.
Пределите на Венијаминовото племе
11 #
1 Мојс 49,27; 5 Мојс 33,12 И се фрли ждрепка за племето на Венијаминовите синови, според родовите нивни. Според ждрепката границата им минува меѓу синовите Јудини и меѓу синовите Јосифови; 12границата нивна на север почнува од Јордан, минува зад Ерихон од север, се искачува по планината кон запад и завршува во пустината кај Бет-Авен; 13#1 Мојс 28,19; Суд 1,22-23оттаму границата оди кон Луз, на југ од Луз, инаку Ветил, и потоа слегува кон Атрот-Адар, кон гората, што е на југ од Долни Веторон; 14потоа границата свртува и се спушта кон запад, јужно од гората, што е спроти Веторон и завршува кај Кирјат-Ваал, инаку Кирјат-Јарим, град на Јудините синови. Тоа е западната страна. 15Јужната, пак, граница оди од Кирјат-Јарим кон морето и стигнува до водните извори на Нефтоах; 16#Суд 19,10потоа границата слегува кон крајот на гората што е пред долината Бен-Хином, северно од Рефаимската Долина, оди по долината Бен-Хином до јужната страна на Јевус, стигнувајќи кај Ен-Рогел; 17потоа свртува кон север, минува кај Ен-Шемеш, оди кон Гелилот, кој е спроти ридот Адумин, и слегува кон Каменот на Рувимовиот син Бохан; 18потоа, минува северно од рамнината, и слегува кон неа; 19оттука таа поминува од северната страна на Бет-Хогла и завршува при северниот крај на Мртвото Море, кај устието на Јордан. Тоа е јужната граница. Од исток, пак, за граница служи Јордан. 20Тоа е наследството на Венијаминовите синови, со околните граници негови, според родовите нивни. 21На племето на Венијаминовите синови, според родовите нивни, им припаднаа овие градови: Ерихон, Бет-Хогла и Емек-Кециц, 22Бет-Арава, Цемараим и Ветил, 23Авим, Пара и Офра, 24Кефар-Амона, Офни и Гева: дванаесет градови со селата нивни; 25Гаваон, Рама и Беерот, 26Мицпа, Кефира и Моца, 27Рекем, Јирпеел и Тарала, 28#Суд 19,10; Ез 48,23Цела, Елеф и Јевус, инаку Ерусалим, и Гиват и Кирјат: четиринаесет градови со селата нивни. Тоа е делот на Венијаминовите синови, според родовите нивни.
Селектирано:
Исус Навин 18: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006