Исус Навин 17
17
Западното племе на Манасија
1 #
1 Мојс 49,22-26; 5 Мојс 33,13-17; Суд 5,14 Беше фрлена ждрепка за наследството на племето на Манасија, кој беше Јосифов првороден син. На Манасиевиот првороден син Махир, татко на Галаад, кој беше храбар во борба, му се падна Галаад и Башан. 2Добија наследство и другите Манасиеви синови, според нивните родови; и синовите Авиезерови, и синовите Хелекови, и синовите Азриилови, и синовите Шехемови, и синовите Хеферови, и синовите Шемидаеви. Тоа се потомците на Манасија, синот на Јосиф, според родовите нивни. 3#4 Мојс 26,33; 27,1Салпаад, пак, синот на Хефер, кој беше син на Галаад, а овој – син на Махир, Манасиев син, немаше синови, туку само ќерки. Еве ги имињата на ќерките негови: Махла, Ноа, Хогла, Милка и Тирца. 4#4 Мојс 27,1-7Тие дојдоа кај свештеникот Елеазар и кај Исус, синот Навинов, и кај родоначалниците, и рекоа: „Бог му беше заповедал на Мојсеј да ни даде дел меѓу нашите браќа.“ И им се даде наследство, по заповед на Господ, меѓу браќата на нивниот татко. 5И Манасија доби во наследство десет делови покрај земјата во Галаад и Башан од онаа страна на Јордан; 6зашто ќерките Манасиеви добија делови меѓу синовите негови, а Галаадската земја им се падна на другите Манасиеви синови. 7Границата на синовите Манасиеви оди од Асир кон Михметат во насока на Сихем; оттука границата свртува надесно кон жителите на Ен-Тапуах. 8Земјата Тапуах му се падна на Манасија, а самиот град Тапуах – на Ефремовите синови. 9Оттука границата оди по јужниот брег на потокот Кана. Градовите јужно од потокот му припаѓаат на Ефрем, иако се на територијата на Манасија. Манасиевата граница продолжува на север од потокот и завршува кај морето. 10Она што е на југ, тоа е Ефремово, а она што е на север, тоа е Манасиево; а морето им е нивна западна граница; со Асир се граничи откај север, а со Исахар откај исток. 11#Суд 1,27На Манасија му припаднаа меѓу Исахар и Асир, Бет-Шан со селата негови, Јивлеам и селата негови, жителите на Дор и неговите села, жителите на Ен-Дор и неговите села, жителите на Таанах и неговите села, и жителите на Мегидо, и неговите села, три висорамнини#17,11 Еврејскиот оригинал е нејасен, поради што преводот е несигурен.. 12#1 Цар 9,20-21Манасиевите синови не можеа да ги изгонат жителите на тие градови и Хананците останаа да живеат во таа земја. 13#Суд 1,28Кога, пак, Израеловите синови се зацврстија, им наметнаа данок на Хананците, но не ги избркаа.
Ефрем и западното племе на Манасија бараат повеќе земја
14 #
4 Мојс 26,28-37
Јосифовите синови му се противставија на Исус и рекоа: „Зошто ни даде наследство само со едно фрлање на ждрепката, односно само еден дел, кога сме ние многубројни, бидејќи така нѐ благословувал Господ досега?“ 15#2 Сам 18,6Исус им одговори: „Ако сте многубројни, одете во гората и таму, во земјата на Перизијците и Рефаимците, расчистете си место, штом Гората Ефремова ви е тесна.“ 16#Суд 1,19; 4,3.13Јосифовите синови рекоа: „Гората Ефремова не ни е доволна; а сите Хананци, што живеат во долината, имаат железни коли, како оние, што се во земјата Бет-Шан и во селата нивни, така и оние, што се во Јизреелската долина.“ 17Но Исус му рече на Јосифовиот дом, на Ефрем и на Манасија: „Кога си многуброен и имаш голема сила, нема да останеш само со една ждрепка; 18#Ез 48,5и гората нека биде твоја, и неа ти ќе ја расчистиш, и таа ќе биде твоја до самиот крај; бидејќи ти ќе ги истераш Хананците, иако тие имаат железни коли, иако се силни.“
Селектирано:
Исус Навин 17: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006