Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 16

16
Пределите доделени на Ефрем и Манасија
1 # 1 Мојс 49,22-26; 5 Мојс 33,13-17 Потоа ждрепката падна на Јосифовите синови: од Јордан кај Ерихон, на исток од Ерихонските из­вори, низ пустината што почнува кај Ерихон, преку планината во насока на Ветил; 2#1 Мојс 28,19од Ветил границата оди кон Луз и минува кон пределот Атарот, населен од Аркијците;
Ефрем
3потоа се спушта на запад, кон границата со Јафлетајците дури до пределот Веторон долни, па и до Гезер и излегува кај морето. 4Тоа го добија како дел Јосифовите синови Ефрем и Манасија. 5Границата на Ефремовите синови според родовите нивни беше оваа: откај исток границата на нивното наследство беше Атрот-Адар до горни Веторон; 6потоа границата оди кон запад, се­верно од Михметат, свртува на исток кон Таанат-Силом и минува источно од Јаноах; 7а од Јаноах, откако слегува кон Ата­рот и Наарата, допира до Ерихон, и излегува на Јордан; 8од Тапуах границата оди кон запад, накај потокот Кана, и завршува кај морето. Тоа е делот на племето на си­новите Ефремови, според родовите нив­ни. 9#Ез 48,5Имаше одделни градови за Ефремовите синови и среде наследената земја на Манасиевите синови, – и сите тие градови беа со селата нивни. 10#15,63; Суд 1,29Но Ефремовите синови не ги изгонија Хананците, кои живееја во Гезер; затоа Хананците живеат меѓу Ефре­мов­ците до денес, и им плаќаат данок.

Селектирано:

Исус Навин 16: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се