Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јона 2:1-10

Јона 2:1-10 MK2006

И ѝ заповеда Господ на една голема риба да го проголта Јона; и Јона остана во утробата на тој кит три дена и три ноќи. Му се помоли Јона на својот Господ Бог од утробата на рибата, па рече: „Кон Господ повикав во мо­јата неволја и Тој ме чу; извикав од утробата на пеколот – и Ти го чу гласот мој. Ти ме фрли во длабините, во срцето на морето, и вода ме опколуваше, и сите води Твои и бранови Твои минуваа преку мене. Тогаш реков: Отфрлен сум од очите Твои, како ќе ја видам светињата Твоја? Ме притиснаа водите до гушата мо­ја, бездната ме затвори; со трева морска главата моја е обвиена. Слегнав до корените на планините, земјата со резињата свои за навек ме затвори, но Ти, Господи, Боже мој, ја изведе душата моја од јамата. Кога животот ми згаснуваше, се сетив на Господ, и молитвата моја сти­г­на до Тебе, до светиот храм Твој. Оние, кои почитуваат лажни богови, Го оставија својот Милосрден, но јас со благодарствена песна ќе Ти принесам жртва; она што сум го ветил, ќе го исполнам. Во Господ е спа­сението!“