Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јона 2

2
Молитвата на Јона и неговото избавување
1 # Мт 12,40 И ѝ заповеда Господ на една голема риба да го проголта Јона; и Јона остана во утробата на тој кит три дена и три ноќи. 2Му се помоли Јона на својот Господ Бог од утробата на рибата, 3#Пс 120,1; 130,1; Плач 3,55па рече: „Кон Господ повикав во мо­јата неволја и Тој ме чу; извикав од утробата на пеколот – и Ти го чу гласот мој. 4#Пс 42,7Ти ме фрли во длабините, во срцето на морето, и вода ме опколуваше, и сите води Твои и бранови Твои минуваа преку мене. 5#Ер 32,19; Пс 5,7; 31,23; Мих 1,2Тогаш реков: Отфрлен сум од очите Твои, како ќе ја видам светињата Твоја? 6#Пс 69,1Ме притиснаа водите до гушата мо­ја, бездната ме затвори; со трева морска главата моја е обвиена. 7#Пс 16,10; 30,4; Јов 33,18Слегнав до корените на планините, земјата со резињата свои за навек ме затвори, но Ти, Господи, Боже мој, ја изведе душата моја од јамата. 8Кога животот ми згаснуваше, се сетив на Господ, и молитвата моја сти­г­на до Тебе, до светиот храм Твој. 9#Ис 31,7Оние, кои почитуваат лажни богови, Го оставија својот Милосрден, 10#Пс 3,8; 22,26но јас со благодарствена песна ќе Ти принесам жртва; она што сум го ветил, ќе го исполнам. Во Господ е спа­сението!“ 11Тогаш ѝ заповеда Господ на рибата, и таа го исфрли Јона на копното.

Селектирано:

Јона 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност