Јов 31
31
Крај на Јововиот говор: тврди дека не е виновен ниту пред Бога, ниту пред луѓето
1„Завет направив со очите свои за да не погледнам на девица. 2#27,13Но каков дел би имал од Бога одозгора? И какво наследство ми испратил Седржителот од небесата? 3Нели е за нечесниот погибелта? Нели е за злочинецот злото? 4#26,6Не ги виде ли Тој патиштата мои и не ги брои ли сите мои чекори? 5#27,6Ако одев во суета, и ако ногата моја брзаше кон лукавство; 6#Пс 7,8; 17,2; Изреки 16,2; 21,2нека ме измерат со мерката на правдата, и Бог ќе ја дознае мојата непорочност. 7Ако стапките мои се отстранувале од патот, ако срцето мое ги следело очите мои, и ако нешто нечисто се залепило за рацете мои, 8#3 Мојс 26,16јас нека сејам, а друг да јаде, и потомците мои искоренети да бидат. 9#Изреки 6,25Ако срцето мое се занесувало од жена и ако сум демнел крај вратата на ближниот свој; 10жената моја нека му меле на друг, и со друг нека ја дели постелата своја, 11#5 Мојс 22,22; Изреки 6,32зашто тоа е престап, тоа е беззаконие, кое подлежи на суд; 12#Изреки 6,27тоа е оган што гори до истребување што би го уништил целиот мој имот. 13#2 Мојс 21,2-3; 3 Мојс 25,39-43Ако не водев грижа за правата на слугата и на слугинката, кога имаа спор со мене, 14што ќе правев, ако се кренеше Бог? И ако ме испитуваше, што ќе можев да Му одговорам? 15#Изреки 17,5; 22,2Нели Тој, Кој ме создал мене во утробата, го создал и него и еднакво нѐ обликувал во утробата? 16#Ис 58,7Сум ја одбил ли молбата на оној што имал потреба, и сум ги просолзувал ли очите на вдовица? 17Сам ли го јадев залакот свој, и не јадеше ли и сиракот од него? 18#29,16Зашто од детството растел тој со мене како со татко, и секогаш сум му помагал на сиромашниот. 19Ако видев некој дека загинува без облека и сиромав без покрив, – 20#5 Мојс 24,13бедрата негови нели ме благословуваа и тој нели беше стоплен со волната од овците мои? 21#Пс 82,3Ако сум кренал рака врз сирак, кога ќе видев дека имам потпора пред портите, 22рамото мое нека се оддели од грбот и раката моја нека се откине од лактот, 23#Пс 119,120зашто казната од Бога е страшна за мене: пред Неговото величие јас не би можел да опстанам. 24#Пс 49,6; 52,9; Мт 6,24Сум го земал ли златото за моја потпора и сум велел ли на ризницата: ‚ти си моја надеж?‘ 25#Изреки 11,28Сум се радувал ли дека богатството ми беше големо и дека раката моја спечалила многу? 26#5 Мојс 4,19; 17,3Гледајќи го сонцето како свети и месечината како величествено оди, 27#Ер 8,2; Ез 8,16се занесував ли во длабочините на срцето свое и ја бакнував ли со уста раката своја? 28Тоа ќе беше исто така престап за суд, зашто тогаш би се откажал од Бога Севишниот. 29#Изреки 24,17; Мт 5,44Се радував ли за неволјата на непријателот мој и се веселев ли кога го снаоѓаше зло? 30Не ѝ дозволував на устата моја да греши со проколнување на душата негова. 31#Ис 58,10Не велеа ли луѓето од мојот шатор: ‚О, кој не се наситувал од неговите месни гозби?‘ 32#1 Мојс 19,2; Суд 19,20Туѓинец не ноќеваше на улица; вратата своја ја отворав на патникот. 33#Изреки 28,13Да ги криев грешките свои како многу луѓе и да ги таев во градите своите престапи, 34#Изреки 29,25ќе се плашев од големото мноштво, и од сонародниците свои ќе имав страв, па затоа ќе молчев и не ќе излегував надвор од вратата своја. 35#13,17.22; 19,23О, да имаше кој да ме ислуша! Еве ја мојата желба: Седржителот да ми одговори, а заштитникот мој да состави запис за тоа; 36#13,18ќе го носев на рамениците мои и ќе се украсував со него како со венец; 37ќе му го соопштев бројот на чекорите свои, ќе се приближев до него како кнез. 38#Авак 2,11Ако нивите мои викаа против мене, ако браздите нивни се поплакуваа од мене, 39#Ер 22,13ако сум им ги јадел плодовите нивни бесплатно и сум ја измачувал душата на земјоделците, 40#1 Мојс 3,18тогаш место жито нека расте трње и место јачмен – какол.“ Зборовите Јовови свршија.
Селектирано:
Јов 31: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006