Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 32

32
Говор на Елијуј
Елијуј објаснува зошто го прекинува молчењето
1Кога тие тројца мажи престанаа да му одговараат на Јов, би­дејќи се сметаше за невин, 2#33,1-33се разгори гневот на Елијуј, син Варахиилов, од Буз, од Рамовиот род; се разгоре гневот негов против Јов, поради тоа што тој се правеше попра­веден од Бога; 3#34,1-33а против тројцата негови пријатели се разгоре гневот негов затоа што тие не знаеја што да одговорат, а пак го обвинуваа Јов. 4Елијуј чекаше додека тие говореа со Јов, зашто по години беа постари од него. 5А кога Елијуј виде дека нема одго­вор во устата на тројцата мажи, гневот негов се разгоре. 6#15,10И одговори Елијуј, син Варахии­лов, од Буз, и рече: „Јас сум млад по години, а вие сте старци; затоа јас се плашев и не се осмелував да ви го кажам моето мислење. 7#8,8; 12,12Јас си велев: нека говорат дните и многулетието нека поучува во муд­рост. 8#1 Мојс 41,38-39; Ис 11,2; Дан 2,45Но има дух во човекот, и духот на Седржителот го вразумува. 9Не само многулетните се мудри, ни­ту само старците знаат што е право. 10Затоа велам: ислушајте ме, ќе ви го кажам и јас моето мислење. 11#Јк 1,19Ете, чекав вие да се искажете, го слушав вашето расудување, додека вие говоревте. 12Внимателно ве следев, и никој од вас не го изобличи Јов и не одговори на зборовите негови. 13#32,1Немојте да речете: ‚ние наидовме на мудрост: Бог ќе го убеди, а човекот не може.‘ 14Ако тој ги упатуваше зборовите свои кон мене, јас ќе му одговорев не со вашите зборови. 15Се исплашија, повеќе не говорат; не знаат што да кажат. 16Чекав, а тие пак не говореа, пре­с­танаа и повеќе не зборуваа. 17Јас ќе говорам за сѐ, ќе го кажам мислењето свое. 18Затоа што сум полн со зборови, и духот ме притиска однатре. 19#Ер 20,9; Мт 9,17Ете, утробата моја е како затворе­но вино: готова е да прсне како нови мевови. 20Ќе позборувам, за да ми се олес­ни; ќе си ја отворам устата и ќе одговорам. 21Нема да гледам кој е кој и на ни­кого нема да му ласкам, 22#Пс 12,3-4зашто не умеам да ласкам: за миг Создателот мој би ме зел.“

Селектирано:

Јов 32: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се