Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 30

30
Последен говор на Јов (продолжение)
1 # 19,18 „А сега ми се потсмевнуваат помладите од мене, оние, чии тат­ковци не би се согласил да ги ставам со кучињата на стадата свои. 2И за што ми е силата на нивните раце? Над нив помина веќе времето. 3#24,5Истоштени од сиромаштија и глад, тие бегаа во рамнина безводна, темна и запустена; 4собираа посолени лисја од грмушка и смрекови корења им беа храна. 5Ги гонеа луѓето и викаа по нив како по крадци. 6#Суд 6,2; 1 Сам 13,6Живееја во поточни долови, земни дупки и пештери. 7Викаа меѓу грмушките, се вовираа под трњето. 8#Суд 11,2Луѓе отфрлени, луѓе безимени; со стап протерани од земјата. 9#16,7-11; 17,6; Пс 69,12; Плач 3,14Ете, ним им станав јас сега пот­смев и приказ за разговорот нивни. 10#Ис 50,6Тие се гадат од мене, ме одбегнуваат и не се воздржуваат дури и да плу­каат на мене. 11Затоа што Бог ми го олабави ла­кот и ме кутна на земја, тие немаат никаква воздржаност во мое присуство. 12#19,19Оддесно се крева тој изрод, ме пова­лија и кон мене ги насочија па­тиштата свои погубни. 13#24,13А мојот пат го разрушија: сѐ напра­вија за мојата погибел, без ни­чија помош. 14#13,12; 21,34Доаѓаат кај мене како низ широк пролом; шумно се нафрлуваат врз мене. 15#17,15Ужаси ме сполетаа; како ветар се расеа моето величие, и доброто мое од­мина како облак. 16#16,13Сега душата ми се топи во мене; мачни денови ме налегнаа. 17#33,19Ноќе ме вртат коските мои, жилите ми немаат мир. 18#7,5Со голема мака се соблекува од мене облеката моја; јаката на мојот хитон ме задавува. 19#9,31Тој ме фрли во калта; станав како прав и пепел. 20#19,7Викам кон Тебе, и Ти не ме слу­шаш, – стојам, а Ти само ме гледаш. 21#16,12-14Ти стана жесток спрема мене, со силна рака ме поразуваш. 22Ти ме крена и ме натера да се носам по ветар и ме сотираш. 23#17,16Знам дека Ти ќе ме дотераш до смрт, во домот каде што се собираат сите живи. 24#19,21Зарем не подава рака оној што се дави? Не бара ли помош човек во несреќа? 25#29,25Зар не сум плачел за оној што беше во зло, не тажеше ли душата моја за бедните? 26#29,18Додека го чекав доброто, дојде злото; дури чекав светлина, дојде тем­нина. 27#6,4Утробата моја врие без престан и не се смирува; мачни денови ми наидоа. 28#Плач 4,8Одам поцрнет, но не од сонце; ста­нувам во собранието и викам. 29#Мих 1,8; Пс 102,6-7Станав брат на чакалите и пријател на ноевите. 30#Плач 3,4Кожата ми поцрне на мене, а кос­ките ми се исушија од горештина. 31#Амос 8,10; Плач 5,15И гуслата ми стана таговна, и свирката моја – глас плачевен.“

Селектирано:

Јов 30: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се