Јов 19
19
Одговор на Јов: вера во конечното спасение на праведникот
1На тоа одговори Јов и рече: 2„До кога ќе ја мачите душата моја? До кога ќе ме измачувате со зборови? 3#1 Мојс 31,7.41; 4 Мојс 14,22; Неем 4,6Ете, веќе десетпати ме посрамувате, и нели ви е срам да ме измачувате? 4#Изреки 9,12Ако и навистина сум згрешил, грешката моја останува за мене. 5#Гал 6,5Ако, пак, сакате да се величате над мене и да ме прекорувате со мојот срам, 6#18,8; 22,10знајте дека Бог ме собори и со мрежата Своја ме обвитка. 7#Плач 3,7-9Ете, јас викам: – ‚Неправда!‘ – и никој не слуша; врескам, и правда нема. 8#22,11Тој ми го загради патот, и не можам да минам; врз патеките мои спушти мрак. 9#29,14Ја соблече од мене славата моја и го симна венецот од мојата глава. 10#14,7; 17,15Од сите страни ме сосипува, и јас умирам, и како дрво ја истргнува надежта моја. 11#33,10Го разгори гневот Свој против мене и ме вброи меѓу непријателите Свои. 12Војските Негови дојдоа заедно, се упатија кон мене и се сместија околу шаторот мој. 13#Пс 38,11; 69,9; 88,8.18Браќата мои Тој ги оддалечи од мене; и оние што ме познаваат, бегаат од мене. 14Ме напуштија блиските мои и познатите ме заборавија. 15#6,14Дојденците во куќата моја и слугинките мои ме сметаат за туѓ; туѓинец станав во нивните очи. 16Го викам слугата свој, и тој не се одѕива; со устата своја треба да го молам. 17Здивот мој ѝ е одвратен на жената моја, и милувањата мои на родените синови мои. 18#30,1Дури и малите деца ме презираат; кога станувам, тие се подигруваат со мене. 19#Пс 41,9; 55,14; Јн 13,18Од мене се гнасат најверните мои пријатели; и оние што ги сакав, – се свртеа против мене. 20#7,5; 33,21Веќе немам ништо освен кожата врз коските мои; во несреќата изгубив сѐ. 21Смилувајте се, смилувајте се над мене, пријатели мои, – зашто раката Божја се допре до мене. 22#Пс 27,2Зошто ме гоните и вие како Бог, и со плотта моја не можете да се наситите!? 23#31,35О, да беа зборовите мои напишани! Да беа ставени на книга! 24Со железно длето и со олово, – да беа на вечни времиња врз камен издлабени! 25#16,19; Ис 44,6; Пс 12,5Но јас знам: Заштитникот мој е жив; Тој го има последниот збор на оваа земја. 26#33,25И кога ќе се распадне кожата моја, во телото мое ќе Го видам Бога. 27#33,26Јас сам ќе Го видам; моите очи, не очите на друг, ќе Го видат Него. Срцето ми се топи во градите мои! 28Вие требаше да кажете: – зошто го гониме! – Како да е коренот на злото најден во мене. 29#27,11Плашете се од мечот, зашто мечот се одмаздува за неправда; и знајте дека има правда.“
Селектирано:
Јов 19: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006