Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 7

7
Говор на Еремија во храмот
1Слово, што му дојде на Еремија од Господ: 2„Застани кај вратата на домот Гос­подов и објави го таму ова слово и кажи: чујте го словото Господово, сите Јудејци, што влегувате низ таа врата да Му се поклонувате на Господ. 3#18,11Така вели Господ Саваот, Бог Израелов: ‚исправете ги вашите патиш­та и вашите дела, и Јас ќе ве оставам да живеете на тоа место.‘ 4Не надевајте се на лажливи зборови: ‚ова е храмот Господов, храмот Госпо­дов, храмот Господов.‘ 5Но ако ги исправите наполно ваши­те патишта и вашите дела, ако верно извршувате правда меѓу човекот и ближниот негов, 6#5,28; 22,3ако не угнетувате туѓинец, сирак и вдовица, не пролевате невина крв на тоа место и не тргнете по други богови за ваше зло, 7#3,18; Амос 9,15Јас ќе живеам со вас на ова место, во оваа земја, што им ја дадов на предците ваши од века до века. 8Ете, вие се надевате на лажливи зборови, кои нема да ви донесат полза. 9#11,10; Ос 4,2; 5 Мојс 28,64Вие крадете и убивате, вршите прељуба и се колнете криво, му кадите на Ваал и одите по други богови, кои не ги познавате, 10и потоа доаѓате и се исправате пред лицето Мое во овој дом, над кој е повикано името Мое, и велите: ‚спасени сме‘, за да ги вршите сите тие гадотии и понатаму. 11#Мт 21,13Не се претвори ли овој дом во вашите очи во разбојничко гнездо, над кој е повикано името Мое? Ете, Јас го видов тоа, вели Господ. 12Но одете сега на Моето место во Силом, каде што порано бев одредил да почива Моето име, и видете што направив со него поради беззаконијата на Мојот народ Израел. 13#7,25; 35,17; Ис 50,2; 65,12И, бидејќи ги вршите сите тие ра­боти, вели Господ, и не слушавте, и ве викав, а вие не одговаравте, – 14#1 Цар 9,7затоа Јас сега ќе постапам исто со овој дом, над кој е призвано Моето име, на кое вие се надевате, и со местото што ви го дадов вам и на предците ваши, како што постапив со Силом. 15#23,39; 2 Цар 17И ќе ве отфрлам од лицето Свое, како што ги отфрлив сите ваши браќа, целото семе Ефремово.
Казна за служење на туѓи богови
16 # 11,14; 37,3; 5 Мојс 9,14 А ти, не моли се за овој народ и не упатувај за него молитви и молби, и не посредувај пред Мене, зашто нема да те чујам. 17Не гледаш ли што прават тие во градовите на Јудеја и по улиците ерусалимски? 18Децата собираат дрва, а татковците палат оган, и жените месат тесто, за да прават банички за кралицата на небото и да вршат преливи за други богови, за да Ме огорчуваат. 19Но Мене ли Ме огорчуваат тие – вели Господ; не себеси ли – за нивни срам? 20#17,27; 2 Цар 22,17Затоа вака вели Господ Бог: ете, се излива Мојот гнев и Мојата јарост врз ова место, врз луѓето и врз добитокот, врз полските дрвја и врз земните пло­дови, ќе се разгори и нема да угасне.
Принесувањето жртви е залудно
21 # 6,20; Амос 4,4-5 Вака вели Господ Саваот, Бог Израелов: – вашите сепаленици принесувајте ги заедно со вашите жртви и јадете го месото; 22#Ос 6,6; Амос 5,25; Мих 6,6-8зашто Јас не им говорев на предците ваши и не им давав заповеди за сепаленици и жртви во тој ден, кога ги изведов од египетската земја; 23#11,4; 2 Мојс 19,5; 5 Мојс 6,3; 26,12туку ова им го заповедав: ‚слушајте го Мојот глас, и Јас ќе бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ, и одете по оној пат, по кој ќе ви заповедам, за да ви биде добро.‘ 24Но тие не послушаа и не го накло­нија увото, и живееја по желбите и по упорството на своето лошо срце, и ми свртеа грб, а не лице. 25#2,20; 2 Цар 21,15Од оној ден, кога предците ваши излегоа од египетската земја, до денес, ги испраќав кај вас слугите Свои – пророците, ги испраќав секој ден од рано утро и постојано, 26#17,23; 2 Цар 17,14но тие не Ме послушаа и не го на­к­лонија увото, туку станаа тврдоглави, постапуваа полошо од татковците свои.
Крвна Долина
27И кога ќе им ги кажуваш сите овие зборови, тие нема да те послушаат; и кога ќе ги викаш, тие нема да ти се одѕиваат. 28#5,3; 42,13.21; Мт 21,45Тогаш речи им: ‚еве народ, кој не го слуша гласот на Господ, својот Бог, и не прима поука! Нема кај нив вистина, таа е одземена од устата нивна.‘ 29Истрижи ја косата своја и фрли ја и почни да плачеш по горите, зашто Господ го отфрли и го остави родот што го предизвика гневот Негов. 30#7,10; 25,29Зашто синовите на Јуда вршат зло пред Моите очи, вели Господ; ги поста­вија своите гадотии во домот над кој е повикувано името Мое, за да го осквернат; 31#19,5; 5 Мојс 18,10; 2 Цар 21,6и изградија идолско светилиште на Товет во долината на Хиномовите си­нови, за да ги изгоруваат во оган сино­вите свои и ќерките свои, што не сум го заповедал и кое ни на ум не Ми доаѓало. 32#Ез 6,5Затоа, идат дни, вели Господ, кога тоа место нема повеќе да се нарекува Товет и долина на синовите Хиномови, туку Крвна Долина, и во Товет ќе се погребуваат поради немање на место. 33#16,4; 2 Сам 21,10И труповите на овој народ ќе бидат храна на птиците небески и на ѕверо­вите земни, и ќе нема кој да ги брка. 34#16,9Во градовите на Јудеја и по улиците ерусалимски ќе го прекратам гласот на радост и гласот на веселба, гласот на младоженец и гласот на невеста; зашто таа земја ќе стане пустелија.“

Селектирано:

Еремија 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност