Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 6

6
Предупредување кон Ерусалим
1 # Ис.Н. 18,28; Лк 21,21 Бегајте, деца Венијаминови од Ерусалим, трубете со труба во Текоа и јавете преку оган во Бет-Керем, зашто откај север доаѓа зло и голема погибел. 2Јас ја разубавив ќерката Сионова, прекрасна и разнежена. 3Ќе дојдат против неа пастири со стадата свои, ќе распнат шатори околу неа; секој ќе го пасе својот дел. 4#22,7; 51,27; Јоил 4,9Гответе војна против неа; станувајте да нападнеме на пладне. Тешко нам! Денот веќе одминува, се спуштаат ве­черни сенки. 5#39,8Станувајте да напаѓаме и ноќе, и да ги срушиме нејзините дворци! 6#2 Сам 20,15; Дан 11,15Зашто вака вели Господ Саваот: се­чете дрвја и кревајте насипи против Ерусалим: тој град треба да се казни; во него се врши секакво насилство. 7Како што од извор блика вода, така и од него блика зло: во него се слуша насилство и пустошење, пред Моето ли­це секогаш има навреди и рани. 8#17,23; Ос 9,12Вразуми се, Ерусалиме, за да не се отстрани од тебе душата Моја и да не те направам пустина, земја ненаселена. 9#5 Мојс 24,21Вака вели Господ Саваот: обери ги до крај остатоците на Израел, како грозје; кини со раката своја, како берач на грозје, кога полни кошници.
Јароста на Еремија и на Господ
10 # Дела 7,51 Кому да му говорам и кого да го предупредувам, за да чујат? Ете, нивното уво е необрезано, и тие не можат да слушаат; ете, словото Господово кај нив е за потсмев; тоа им е мило. 11Поради тоа јас сум преполнет со Господова јарост, не можам повеќе да се воздржувам: ќе ја излеам врз децата по улиците и врз собрани младинци; сите ќе бидат погодени: маж и жена, старци и возрасни. 12#8,10-12; 5 Мојс 28,30И куќите нивни ќе ги присвојат други, исто така и нивите и жените; за­што ќе ја протегнам раката Своја против жителите на таа земја, вели Господ. 13#5,27; Ис 56,11Зашто од мал до голем, секој од нив се предал на лакомост, и пророк и свештеник – сите мамат. 14Му ги лекуваат раните на Мојот народ лесномислено, велејќи: „Мир! мир!“ а мир нема. 15Се срамуваат ли тие, кога вршат гадотии? Не, никако не се срамуваат и не црвенеат. Затоа ќе паднат меѓу паднатите, и во времето на Мојата посета ќе бидат соборени, вели Господ.
Јудејците се непослушни кон Бога
16 # Лк 14,28; Мт 11,29 Вака вели Господ: – застанете на ва­шите патишта, разгледајте и распра­шајте се за дамнешните патишта, каде е добриот пат, врвете по него, и ќе нај­дете спокојство на душите свои. Но тие рекоа: нема да врвиме по тој пат! 17И поставив чувари над вас, и реков: „Слушајте го звукот на трубата!“ Но тие рекоа: „Нема да слушаме!“ 18#Ис 34,1; Мих 1,2И така, чујте народи, и знај, собра­ние, што ќе стане со нив. 19#11,11; Изреки 1,31; Гал 6,7Чуј, земјо: ете, ќе испратам против овој народ погибел, плод на помислите нивни; зашто тие не ги слушаа Моите зборови и Мојот закон го отфрлија. 20#Ис 1,11; 43,23; 7,21; 14,12; Ис 1,11-17; Ос 6,6; Амос; 5,21-25; Мих 6,6-8; Евр 10,5-6Зошто Ми е темјан, што иде од Се­ва, и миризлива трска – од далечна зем­ја? Вашите сепаленици не Ми се угодни, и вашите жртви не Ми се пријатни. 21#Ез 3,20Затоа вака вели Господ: ете, поста­вувам пред овој народ пречки, и ќе се сопнат од нив таткото и децата заедно, соседот и неговиот пријател, и ќе загинат.
Армија од Север
22 # 4,6.16; Ез 38,14-16 Вака вели Господ: – ете, иде народ од северна земја, и голем народ се крева од земните краишта; 23во рацете држат лак и копје; жестоки се и немилостиви, гласот нивен им бучи како море, и летаат на коњи наредени како еден човек, за да удрат против тебе, ќерко Сионова. 24#13,21Чувме вест за нив, и рацете ни премалеа, скрб нѐ обзеде, маки – како жена која се пораѓа. 25#20,10; Плач 2,22Не излегувајте на нива и на пат не одете, зашто непријателски меч и ужас е од сите страни. 26#Амос 8,10; Зах 12,10Ќерко на Мојот народ, препаши се со вреќиште и посипи се со пепел; тагувај како за син единец – горко плачи; зашто ненадејно ќе дојде врз нас погубник.
Божјата проверка
27Те поставив за проверувач среде Мојот народ, за столб, за да знаеш да ги испитуваш нивните патишта. 28Сите тие се упорни одметници, жи­веат со клевета; тоа се бронза и железо – сите се расипани. 29#Ис 1,25Мевовите забревтано дуваат; оловото се стопи од огнот; леарот топи на­празно, зашто згурата не се отстрани; 30#Ис 1,22ќе ги наречат отпадно сребро, за­што Господ ги отфрли.

Селектирано:

Еремија 6: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се