И рече Еремија: такво беше словото Господово до мене. Еве, Анамеил синот на твојот чичко Селум, доаѓа кај тебе да ти каже: купи ја нивата моја, што се наоѓа во Анатот, зашто, според родбинското право, тебе ти се паѓа да ја купиш. И Анамеил, синот на мојот чичко, дојде кај мене, според словото Господово, во стражарницата и ми рече – купи ја мојата нива во Анатот, во земјата на Венијамин, зашто правото на наследство е твое и куповното право е твое: купи ја. Тогаш разбрав дека тоа беше слово Господово. И ја купив од Анамеил, синот на мојот чичко, нивата во Анатот, и му ја платив цената: седум шекели и десет парчиња сребро. И направив договор, му удрив печат, повикав потоа сведоци и среброто го измерив на вага. Па ја зедов потврдата за купопродажба, запечатена според законот, и наредбата, и отворената копија
Прочитај Еремија 32
Сподели
Спореди ги сите верзии: Еремија 32:6-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа