Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 18

18
Еремија кај грнчарот
1Слово Господово што дојде до Еремија: 2стани и слези во домот на грнчарот, и таму ќе ти ги кажам зборовите Мои. 3Слегов во домот на грнчарот, а тој ја вршеше својата работа на тркалото. 4Садот, пак, што го правеше грн­чарот од глина, се растури во рацете не­гови. Но тој одново направи од него друг сад, како што му падна на ум да направи. 5И дојде слово Господово до мене: 6#1 Мојс 2,7; Ис 64,7; Јов 10,8-9доме Израелов, не можам ли да пос­тапам со вас како овој грнчар? – рече Господ. Ете, како што е глината во ра­цете на грнчарот, тоа сте и вие во раце­те Мои, доме Израелов. 7Понекогаш велам Јас за некој народ и царство дека ќе го искоренам, ќе го згазам и погубам; 8но, ако тој народ, врз кого сум го изрекол тоа се поврати од лошите свои дела, Јас го одлагам злото, што сум на­мислил да го направам. 9А понекогаш велам за некој народ и некое царство дека ќе ги подигнам и ќе ги зацврстам; 10#1 Мојс 6,6-7но, ако тој народ врши зло пред очите Мои и не го послуша гласот Мој, ќе го повлечам доброто, со кое сум намислил да го дарувам. 11#25,5; 26,13; 35,15; Зах 1,4Па така, кажи им на луѓето Јудини и на жителите ерусалимски: вака вели Господ – еве, Јас ви подготвувам зло и смислувам нешто против вас; затоа повратете се секој од својот лош пат и исправете ги патиштата свои и постапките свои. 12#3,17Но тие велат: „Не надевај се; ние ќе си живееме како што сакаме и секој од нас ќе постапува според своето закоравено зло срце.“ 13Затоа вака вели Господ: распра­шајте се меѓу народите, дали чул некој нешто слично? Многу гнасни дела из­врши Израеловата девојка. 14Ги напушта ли леванонскиот снег планинските карпи, и секнуваат ли по други места течните студени води? 15#2,32А Мојот народ Ме остави; кади на суети, се сопнува на своите патишта, ги остава старите патишта, за да оди по патеки, по непрооден пат, 16#25,9; 29,18; 51,37за да ја направи земјата своја ужас, вечен срам, така што секој што ќе ми­нува преку неа да се чуди и да мавта со главата. 17Како источен ветар ќе ги распрснам пред непријателот; со грбот, а не со ли­цето Свое ќе се свртам кон нив во денот на нивната неволја.
Заговор против Еремија
18 # 2 Цар 12,3 А тие рекоа: „Дојдете да направиме заговор против Еремија; зашто нема да исчезне законот на свештеникот и советот на мудриот и зборот на пророкот, дојдете да го убиеме за да не ги слуша­ме веќе неговите зборови.“
Еремија се моли за своите непријатели
19Послушај ме, Господи, и чуј што говорат моите противници. 20#Пс 35,12; Пс 106,30Треба ли да се враќа зло за добро? А тие ми копаат јама за душата моја. Сети се дека стоев пред лицето Твое, за да зборувам добро за нив, за да го од­вратам од нив гневот Твој. 21#6,11; Пс 109,9И така, предај ги синовите нивни на глад и направи да загинат од меч; же­ните нивни да немаат деца и да станат вдовици, мажите нивни да умираат, а младинците нивни да бидат убивани во бој. 22#Пс 140,5Нека се слуша пискот од куќите нивни, кога ненадејно ќе им испратиш чета насилници; зашто тие ископаа ја­ма, за да ме фатат, и тајно поставија замка за нозете мои. 23#12,3; Авак 1,13; Пс 35,22; Пс 109,14; Неем 3,37Но Ти, Господи, им ги знаеш сите нивни сплетки против мене, за да ме убијат; не проштевај ги неправдите нивни, и не бриши го гревот нивни, пред лицето Свое; нека попаѓаат пред Тебе; пресметај се со нив додека си гневен.

Селектирано:

Еремија 18: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се