Еремија 17
17
Господ ќе ја казни Јудеја
1 #
2,22; 6,7.29; 13,23; Јов 19,24 Гревот на Јуда е напишан со железно длето, со врв од дијамант е врежан врз плочите на срцето нивно и врз роговите на нивните жртвеници, 2#2,20; Ис 1,29та синовите нивни да се сеќаваат на нивните жртвеници и на нивните светилишта покрај зелените дрвја, на високи ридови. 3Мојата гора во полето, имотот твој, и сите твои драгоцености ќе ги предадам на разграбување, и твоите идолски светилишта – за твоите гревови во сите твои предели. 4#5 Мојс 28,48И самиот ти ќе се лишиш од наследството свое, што ти го бев дал, и ќе те пратам во ропство кај твоите непријатели, во земја што ти не ја познаваш, зашто вие го разгоревте огнот на Мојот гнев, кој ќе гори вечно.
Надежта нека ви е во Господ
5 #
Пс 146,3; 2 Лет 32,8 Така вели Господ: проклет да е човекот кој се надева на човек и кој телото го смета за своја крепост и чие срце се одвраќа од Господ. 6#Пс 34,12; Јов 20,17; 39,6Тој ќе биде како троскот во пустина и нема да види кога ќе дојде доброто, па ќе се насели во топли пустински места, во земја солена и непогодна за живеење. 7#Пс 18,18; 34,9; 84,12; Изреки 16,20Благословен е човекот кој се надева на Господ, и кому надежта Му е Господ. 8#Ез 47,12Затоа што тој ќе биде како дрво посадено крај води, што ги пушта корењата свои покрај потокот; тоа не стравува кога настанува припек; лисјата му се зелени, и во време на суша не се плаши и не престанува да дава плод. 9Лукаво е човечкото срце повеќе од сѐ и е наполно расипано; кој ќе го разбере? 10#32,19; Јов 34,21; Евр 4,12-13; Ез 18,30; Ос 12,3Јас, Господ, проникнувам во срцето и ја испитувам внатрешноста, за да му дадам на секого според патот негов и според плодовите на делата негови. 11#Пс 39,6; 55,23; Изреки 28,8; Лк 12,20Како еребица што лежи врз јајца што не ги снесла, таков е оној, кој со неправда спечалува богатство; тој ќе го остави во половината од животот свој и на крајот ќе се открие дека е глупав.
Молитвата на Еремија
12Престолот на славата, возвишен уште од почетокот, тоа е нашето свето место! 13#2,13; 5,19; Пс 36,9Ти си, Господи, надеж Израелова; сите оние, кои Те оставаат ќе се засрамат. „Кој отстапува од Мене нека биде запишан за под земја, зашто Го оставија Господа, изворот на жива вода.“ 14#31,18; 2 Цар 5,7; Пс 6,2; 103,3; 147,3Исцели ме Господи, и исцелен ќе бидам; спаси ме, и спасен ќе бидам, зашто Ти си моја фалба. 15Еве, тие ми велат: „Каде е словото Господово? Нека дојде!“ 16#1 Сол 2,10Јас не одбегнував да станам пастир кај Тебе и не го посакував кобниот ден, Ти го знаеш тоа; што излезе од устата моја, откриено е пред лицето Твое. 17Не биди страшен за мене, Ти си надеж моја во ден на неволја. 18#15,15; 20,10; Пс 35,4Нека се засрамат гонителите мои, но јас нема да се посрамам; нека затреперат, а јас нема да затреперам; испрати врз нив злочест ден и уништи ги со двојно уништување.
Саботна почивка
19Така ми вели Господ: оди и застани пред портите на синовите народни, низ кои влегуваат царевите јудејски и низ кои излегуваат, и пред сите ерусалимски порти, 20па речи им: цареви јудејски, цела Јудејо и сите ерусалимски жители, вие, кои влегувате низ овие порти, чујте го словото Господово. 21Вака вели Господ: пазете ги душите свои и не носете товар во саботен ден и не внесувајте го низ портите ерусалимски, 22и не изнесувајте товар од куќите свои во саботен ден и не вршете никаква работа. Саботниот ден сметајте го за свет ден така, како што сум им заповедал на предците ваши, 23#5,3; 19,5; Соф 3,2кои, пак, не послушаа и не внимаваа, туку станаа тврдоглави, за да не слушаат и да не примаат поука. 24И, ако ме послушате, вели Господ, да не носите товар во саботен ден низ портите на овој град и саботата да ја сметате за света, во тој ден не вршејќи никаква работа, 25#18,11; 2 Цар 23,2; Јоил 4,20тогаш низ портите на овој град ќе влегуваат цареви и кнезови, кои ќе седат на Давидовиот престол, кои ќе се возат во коли и ќе јаваат на коњи, тие и кнезовите нивни, Јудејци и ерусалимски жители, тогаш овој град ќе биде вечно населен. 26Па ќе доаѓаат од градовите јудејски, од ерусалимската околина и од земјата Венијаминова, од рамнините, од планините и од југ, и ќе принесуваат сепаленици и жртви, лебен принос, темјан и благодарствени жртви во домот на Господ. 27Ако, пак, не Ме послушате, да го сметате саботниот ден како свет и да не носите товар, кога влегувате низ ерусалимските порти во саботен ден, тогаш ќе запалам оган пред портите негови, и тој ќе ги проголта куќите ерусалимски и нема да угасне.
Селектирано:
Еремија 17: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006