Еремија 19
19
Порака преку глинена стомна
1Вака рече Господ: оди, купи глинена стомна откај грнчарот; поведи ги со себе најстарите од народот и свештеничките старешини. 2Па излези во долината на синовите Хиномови, која се наоѓа пред Источната Порта, и објави ги таму зборовите, што ќе ти ги кажам, 3и кажи: цареви јудејски и жители ерусалимски, чујте го словото Господово! Вака вели Господ Саваот, Бог Израелов – еве, Јас ќе испратам врз ова место зло, и кој ќе чуе за тоа, ќе му пиштат ушите, 4#7,6.31; 22,3; Пс 106,38; 2 Цар 16,3зашто Ме оставија и туѓо го направија ова место, па кадат во него на туѓи богови, кои не ги познавале ни тие, ниту татковците нивни, а ни јудејските цареви; го исполнија ова место со невина крв, 5и му подигнаа светилиште на Ваал, за да ги горат синовите свои со оган како сепаленица за Ваал, што Јас не сум ја заповедал, не сум зборувал и што на ум не Ми доаѓало. 6#7,32Затоа, еве, идат дни, вели Господ, кога ова место нема веќе да се нарекува Товет, односно долина на синовите Хиномови, туку Крвна Долина. 7#Ис 19,3; 3 Мојс 26,17И ќе ги осуетам намерите на Јуда и на Ерусалим во ова место и ќе дозволам да паднат од меч пред очите на непријателите нивни и од раката на оние, што ја бараат душата нивна, и труповите нивни ќе им ги дадам како храна на птиците небески и на ѕверовите земни. 8#49,17И ќе го направам овој град за ужас и поруга; и секој, што ќе минува низ него, ќе се чуди и ќе си потсвирнува, гледајќи ги многуте рани негови. 9#3 Мојс 26,29; 2 Цар 6,29; Ез 5,10И ќе ги нахранам со телата на синовите нивни и со телата на ќерките нивни; и секој ќе го јаде телото на својот ближен кога ќе се наоѓа под опсада и во тесно, кога ќе ги притискаат непријателите нивни и оние, што ја бараат душата нивна. 10Па скрши ја стомната пред очите на луѓето, кои ќе дојдат со тебе, 11#Ис 30,14; Плач 4,2и кажи им: вака вели Господ Саваот – така ќе го разбијам тој народ и тој град, како што е скршен овој грнчарски сад, кој веќе не може да стане цел, и ќе ги погребуваат во Товет, поради немање место за погребување. 12Така ќе постапам со тоа место, вели Господ, и со неговите жители; и тој град ќе го направам сличен на Товет. 13#1,16; 32,29; 44,17-19А куќите на Ерусалим и куќите на царевите јудејски – ќе бидат нечисти како местото Товет: зашто врз покривите на сите куќи кадеа на целата војска небесна и извршуваа преливи на туѓи богови.
Еремија зборува во дворот на храмот
14Тогаш дојде Еремија од Товет, каде што го беше испратил Господ да пророкува, и застана во дворот на домот Господов и му рече на сиот народ: 15#7,26; 5 Мојс 10,16; Дела 7,51вака вели Господ Саваот, Бог Израелов – еве, ќе испратам врз овој град и врз сите нивни градови секакво зло, што го изреков против него, бидејќи тие се тврдоглави и не ги слушаат зборовите Мои.
Селектирано:
Еремија 19: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006