Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 11

11
Јудејците го прекршија Божјиот завет
1Слово Господово до Еремија: 2Чујте ги зборовите на овој завет и кажете им на луѓето од Јудеја и на еру­салимските жители; 3#5 Мојс 27,26; Гал 3,10и речи им: вака вели Господ, Бог Израелов – проклет да е оној човек кој нема да ги послуша зборовите на овој завет, 4#7,23; 24,7; Јн 10,27; 5 Мојс 4,20; 7,6; Ез 14,11што им ги заповедав Јас на предците ваши, кога ги изведов од египетската земја, од железната печка, велејќи: чујте го гласот Мој и правете што ќе ви заповедам – па ќе бидете Мој народ, и Јас ќе бидам ваш Бог, 5#5 Мојс 11,8-9; Пс 105,8-11за да се исполни клетвата, со која им се заколнав на предците ваши – да им дадам земја, каде што тече мед и млеко, како што е сега. Па одговорив и реков: така нека биде, Господи! 6И ми рече Господ: објави ги сите овие зборови по градовите на Јуда и по ерусалимските улици, и речи: слушајте ги зборовите на овој завет и исполнувај­те ги. 7Зашто Јас постојано им напомнував на предците ваши од оној ден, кога ги изведов од египетската земја, па сѐ до денес; и им зборував од рано утро, велејќи: слушајте го гласот Мој. 8Но тие не слушаа и не внимаваа, туку одеа секој според тврдокорноста на своето лошо срце; затоа испратив врз нив сѐ што е речено во овој завет, кој им го заповедав да го исполнуваат, но тие не го исполнуваа. 9И ми рече Господ: има бунт меѓу луѓето на Јуда и жителите на Еруса­лим; 10тие се вратија кон беззаконијата на своите прадедовци, кои се откажаа да ги слушаат зборовите Мои, па тргнаа по туѓи богови, за да им служат. Домот на Јуда и домот на Израел го нарушија Мојот завет, што го бев склучил со татковците нивни. 11#19,3; 1 Цар 14,10Затоа вака вели Господ: еве, ќе испратам врз нив зло, од кое не ќе можат да се избават, и кога ќе повикаат кон Мене, нема да ги чујам. 12Тогаш градовите на Јуда и жите­лите на Ерусалим ќе појдат и ќе пови­каат кон боговите, на кои им кадат; но тие нема да им помогнат во времето на неволјата. 13Зашто, колку градови имаш, Јудо, толку имаш и богови, и колку улици има во Ерусалим, толку жртвеници подигнавте на она што е срамно, жртве­ници за кадење на Ваал. 14#7,16; 14,11; 2 Мојс 32,10Но ти немој да молиш за тој народ и не упатувај за нив молитви и молби; бидејќи нема да ги чујам, кога во неволјата своја ќе повикаат кон Мене. 15#7,11; Ис 1,12Што бара Мојата сакана во домот Мој, кога извршува многу срамни рабо­ти? Зар жртвуваното месо ќе ти по­могне? Зар со тоа ќе се фалиш? 16#Ос 14,7; Пс 52,8Зелена маслина те нарече Господ, која се украсува со убави плодови. А сега, при шумот на големиот смут, Тој запали оган околу неа и гранките нејзини изгореа. 17Господ Саваот, Кој те посади, пресуди за тебе зло поради злото на домот Израелов и на домот Јудин, што го направија со тоа што Ме разгневија со кадењето свое на Ваал.
Заговор против Еремија
18Господ ми откри, и јас знам; ти ми ги покажа нивните зли дела. 19#Ис 53,7; Пс 109,13Јас, пак, како кротко јагне, водено на клање, и не знаев дека тие смислуваат заговор против мене, велејќи: „Да го уништиме дрвото сосе плодот, и да го истргнеме од земјата на живите, така што ни името негово веќе да не се споменува.“ 20#1 Птр 2,23; 1 Сол 2,4; Откр 2,23Но Ти, Господи Саваоте, праведен Судијо, Кој ги испитуваш срцата и утробите, допушти да ја видам Твојата одмазда врз нив, бидејќи Тебе ти го доверив своето дело! 21Затоа така вели Господ, за луѓето од Анатот, кои сакаат да ја одземат душата твоја и кои велат: не пророкувај во името на Господ, за да не умреш од рацете наши; 22поради тоа вака вели Господ Саваот: еве, Јас ќе ги посетам; младите нивни ќе умрат од меч; синовите и ќерките нивни ќе умрат од глад. 23#9,9; 36,29И нема ништо да остане од нив, зашто ќе испратам зло врз анатотците во годината, кога ќе ги посетам.

Селектирано:

Еремија 11: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се