Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 10

10
Господ зборува за идолите
1Слушајте го словото, кое Господ ви го кажува, доме Израелов! 2#12,16; Рим 12,2Вака вели Господ: не одете по патот на незнабошците и не плашете се од небесните знаци, од кои се плашат не­знабошците. 3Бидејќи обичаите на тие народи се суетни: отсекуваат дрво во гората, го изделкуваат човечки раце, 4#Ис 40,19го украсуваат со сребро и злато, го прицврстуваат со клинови и со чекан за да не се ниша. 5#Пс 115,4-7Нивните богови се како плашила во градина и не говорат; нив ги носат, за­што не можат да одат. Не плашете се од нив, зашто тие не можат да направат зло, но и добро не можат да направат.
Еремија Го возвеличува Господа
6 # 49,19; Пс 86,8-10 Нема сличен на Тебе, Господи! Ти си велик и името Твое е велико и моќ­но! 7#5,22; Откр 15,4; Рим 16,24Кој не ќе се плаши од Тебе, Царе над народите, зашто само Тебе Ти припаѓа тоа; бидејќи меѓу сите мудреци кај народите и во сите царства нема сличен на Тебе. 8#Зах 10,2Сите тие до еден се неразумни и глупави; суетно е од дрво да учиш! 9Сребро ковано во листови се носи од Тарсис, злато од Уфаз, тие се дело на мајстор и на леар; облеклото нивно е од порфир и кадифе; сето тоа е дело на вешти луѓе. 10#5 Мојс 5,26; Мих 4,7; Пс 18,7; 93,1; Наум 1,6А Господ е вистински Бог. Тој е жив Бог и вечен Цар. Од Неговиот гнев трепери земјата, и народите не можат да го издржат Неговиот гнев. 11#Наум 1,14Така речете им: боговите, кои не се створители на небото и на земјата, ќе исчезнат од земјата и од под небесата. 12#51,15-19; Пс 104,24; Изреки 3,19Тој ја создаде земјата со силата Своја, ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата. 13#Пс 135,7; 147,8Од гласот Негов шумат водите небески, и Тој ги крева облаците од краиштата земни, создава молскавици среде дожд и изведува ветар од Него­вото пребивалиште. 14Човекот е безумен во своето знае­ње, ќе се засрами секој леар со идолот свој, бидејќи она што го излеал е лага, и во него нема дух. 15Тие се ништожни, дела на заблуда; во времето на посетата нивна тие ќе пропаднат. 16#16,21; 5 Мојс 4,20; Пс 16,5; 2 Мојс 15,3; Амос 4,13Делот на Јаков не е како нивниот; бидејќи неговиот Бог е создател на сѐ, а Израел е народ на неговото наследство; името Му е Господ Саваот.
Јудејците ќе бидат прогонети
17 # 46,19; Ез 12,3 Прибери си го имотот свој од земјата, кој седи во опсада. 18#22,28; 1 Сам 25,29Зашто вака вели Господ: еве, овој пат ќе ги исфрлам жителите од оваа земја и ќе ги одведам во тесно место, за да ги фатат. 19#14,17; 15,18Тешко мене во маката моја; лута е раната моја, но јас си велам – „Навис­тина тоа е мојата казна и морам да ја поднесувам; 20#49,29; Амос 9,11шаторот ми е опустошен и сите мои врвци се скинати; децата мои ме оставија и ги нема: нема веќе кој да го распне шаторот мој и да ги постави завесите мои; 21#5,5; 23,1; 1 Цар 22,17бидејќи пастирите станаа безумни и не Го бараат Господа, па затоа и немаат напредок, така што целото стадо им се распрсна.“ 22Ете, се слуша глас и голема врева од северната страна за да ги направи градовите на Јудеја пустина, живеалиш­те на чакали.
Молитвата на Еремија
23 # Изреки 16,1.9; 20,24; Дан 5,23 Знам, Господи дека патот на чове­кот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди да ги исправа стапките свои. 24Казни ме Господи, но со мерка, не во гневот Свој, за да не ме сотреш. 25#8,16; 30,16; Пс 14,4Излеј ја јароста Своја врз народите кои не Те познаваат, и врз племињата, што не го призовуваат името Твое; за­што тие го изедоа Јаков, го проголтаа и го истребија и живеалиштето му го опустошија.

Селектирано:

Еремија 10: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се