Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 46

46
Беспомошни се вавилонските богови
1 # Ер 48,7; 49,3; 50,2 Падна Вил, се собори Нево; идолите им се врз добитокот и то­варните животни; вашиот товар стана бреме за уморените животни. 2#Ер 43,12Се навалија, паднаа одеднаш; не мо­жеа да ги спасат оние, што ги носеа, и сами паднаа во ропство. 3#44,2.24; 63,9; 2 Мојс 19,4; 5 Мојс 1,31; Амос 5,15; Пс 22,10Послушај Ме, доме Јаковов и сиот остаток од домот Израелов, кого го но­сам од утробата, кого го држам од раѓа­њето; 4#Пс 71и до вашата старост Јас ќе бидам истиот, до вашите бели коси ќе ве но­сам; Јас ве создадов и ќе ве носам, ќе ве поддржам и ќе ве пазам. 5#40,18.25; 44,7; Плач 2,13Со кого ќе Ме изедначите, и ќе Ме споредите? Кого ќе го земете за пример да прилега на Мене? 6#40,20; 44,15.17Истураат злато од торбичката и премеруваат сребро на терезии, па најмуваат златар, за да направи од него бог, му се поклонуваат и ничкум паѓаат пред него; 7#45,20; 1 Цар 18,27; Пс 115,6го креваат на рамо, го носат и го ставаат на местото негово; тој стои, од местото свое не се помрднува; му ви­каат, – тој не одговара, од неволја не спасува. 8#44,21Спомнете си го тоа и бидете луѓе; земете го тоа при срце, отстапници.
Само Господ е Бог
9 # 45,21 Спомнете си за она што било порано, од крајот на векот; земете го тоа при срце, зашто Јас сум Бог и нема друг Бог и нема подобен на Мене. 10#41,22.26-27; 44,28; 45,21; Пс 33,11; Јов 23,13; Ефес 1,11Јас го навестувам во почетокот она што ќе биде на крајот, од старо време она што уште не станало, па велам: „Мојата одлука ќе се изврши, и сѐ што Ми е угодно – ќе го направам.“ 11#41,2; 45,13; 1 Мојс 41,32Јас го повикав орелот од исток, од далечна страна, исполнителот на Моја­та волја. Јас реков – и ќе го извршам тоа; замислив – и ќе го направам. 12Послушајте Ме, жестокосрдни, вие, кои сте далеку од правдата: 13#51,5; 56,1; Јоил 3,5; Авд 1,17; Пс 85,9; Лк 2,32Ја приближив Мојата правда – таа не е далеку, спасението од Мене нема да се забави; и ќе му дадам на Сион спа­сение, на Израел – Својата слава.

Селектирано:

Исаија 46: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се