Јас го навестувам во почетокот она што ќе биде на крајот, од старо време она што уште не станало, па велам: „Мојата одлука ќе се изврши, и сѐ што Ми е угодно – ќе го направам.“ Јас го повикав орелот од исток, од далечна страна, исполнителот на Мојата волја. Јас реков – и ќе го извршам тоа; замислив – и ќе го направам.