Исаија 46:10-11
Исаија 46:10-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Јас го навестувам во почетокот она што ќе биде на крајот, од старо време она што уште не станало, па велам: „Мојата одлука ќе се изврши, и сѐ што Ми е угодно – ќе го направам.“ Јас го повикав орелот од исток, од далечна страна, исполнителот на Мојата волја. Јас реков – и ќе го извршам тоа; замислив – и ќе го направам.
Сподели
Прочитај Исаија 46Исаија 46:10-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Оној Сум, Кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам: ‘Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам сѐ што Ми е по волја.’ Од исток ја повикувам грабливата птица, од далечна земја го повикувам човекот на Својот наум. Реков - ќе исполнам, наумив - ќе извршам.
Сподели
Прочитај Исаија 46