Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 40

40
Охрабрување за народот
1 # 49,13; 51,12; 52,7-12; 61,2-3 Утешувајте го, утешувајте го Мојот народ, вели вашиот Бог; 2#33,24; 2 Мојс 22,3-8; Ер 16,18; Плач 4,22говорете му нежно на Ерусалим, и известете го дека времето на неговата казна се исполни дека за неправдата му е платено зашто од раката Господова доби двојно за сите свои гревови. 3#Мал; 3,1.23-24; Мт 3,3; Лк 1,76Гласот на оној што вика во пустината говори: „Пригответе Му пат на Господ, исправете ги во пустината патеките за нашиот Бог; 4#45,2; 49,11; Лк 3,4-6секој дол да се исполни, секоја пла­нина и рид да се снизат; кривините да се исправат, и нерамните патишта да би­дат израмнети; 5#1,20; 35,2; 60,1; 2 Мојс 24,16; Пс 97,6; Јн 1,14и ќе се јави славата Господова, и сите луѓе ќе го видат спасението од Бога; зашто устата Господова го изрече тоа.“ 6#Пс 103,15; 1 Птр 1,24-25Гласот говореше: „Разгласувај!“ и прашав: „Што да разгласувам?“ – „Секој човек е трева, сета убавина негова е како полско цвеќе. 7#51,12; Јов 14,2; Јк 1,10-11Тревата се исушува, цвеќето овенува, штом ќе дувне врз него здивот на Господ: така е и народот како трева. 8#Пс 119,89; Мт 24,35; Јн 1,1Тревата се суши, цвеќето свенува, а словото на нашиот Бог останува вечно.“
Бог е овде
9 # 35,4; 52,7; Јн 12,15 Искачи се на високата гора Сион, ти кој јавуваш добри вести за Сион, извиши го силно гласот свој, благо­известителе Ерусалиме, подигни го, не плаши се. Кажи им на градовите Јуди­ни: еве Го вашиот Бог! 10#52,10; 62,11; Пс 77,15; Откр 22,12Ете, Господ Бог иде со сила и раката Негова е со власт. Ете, наградата Му е со Него, а отплатата Му е пред лицето Негово. 11#5 Мојс 32,11; Ер 31,10; Ез 34,12; Лк 15,5Како пастир ќе го пасе Тој стадото Свое: јагнињата ќе ги земе Тој во ра­цете и ќе ги носи на градите Свои, и грижливо ќе ги води доилките.
Кој е како Бог?
12 # Јов; 28,23-27; 38,4-5; Изреки 30,4 Кој ги измерил водите со раката своја и со педа го измерил небото, и со мерка го измерил правот земен, кој ги измерил на терезија планините и ридовите? 13#Јов 15,8; Рим 11,34; 1 Кор 2,16Кој го упатил Духот на Господ, и Му бил Нему советник и Го учел? 14#Ер 23,18; Јов 21,22Со кого се советувал Тој, и кој Го вразумувал и Го поучувал во патот на правдата, и Го учел на знаење и Му го покажувал патот на мудроста? 15#Пс 62,9Ете, народите се како капка од ведро, и претставуваат прашинка на терезија. Ете, островите Тој ги подига како прашинки. 16Ни Ливан не стигнува за жртвен оган, ни животните по него – за сепаленица. 17#41,12; Дан 4,32Сите народи пред Него се како ништо, – за Него се помалку од ништо, и помалку се од суетата. 18#46,5; Дела 17,29И така, со кого ќе Го споредите Бога, и каква подобност ќе Му најдете? 19#41,6-7; 44,9-20; Ер 10,1-16; 51,15-19; Пс 115,3-8Уметникот го излева идолот, а зла­тарот го покрива со злато и му додава сребрени веришки. 20А кој е сиромав и нема што да му принесе, тој избира дрво, кое не гние, па бара искусен уметник за да направи идол, што ќе стои неподвижен.
Господ владее
21 # Рим 1,20 Зар не знаете? Зар не сте слушале? Зар не ви е зборувано во почетокот? Зар не сте го разбрале тоа од основањето на земјата? 22#44,24; 4 Мојс 13,33; Пс 104,2; Јов 26,7Тој е Оној, Кој седи над кругот на земјата, а оние, што живеат на неа, се како скакулци пред Него; Тој ги распослал небесата како тенко платно и ги распнал како шатор за живеење. 23#29,14; Пс 2,2-5; Јов 12,17; 34,18-20Тој ги претвора кнезовите во ниш­то, судиите земни ги прави да бидат ништожни. 24#17,13; 41,2; Пс 83,13Одвај посадени, одвај посеани, одвај се закоренил во земјата стракот нивни, штом Тој ќе дувне врз нив, тие се ису­шуваат; виорот ги однесува како плева. 25#45,5; 46,5„Со кого ќе Ме изедначите и со кого ќе Ме споредите?“ – вели Свете­цот. 26#Пс 147,4; Јов 25,3Кренете ги очите свои кон висините небесни и погледнете, кој ги создал? Кој го пресметал бројот на војската нивна? Тој сите нив ги нарекува по име: поради големата моќ и големата сила во Него ништо не недостига.
Господ дава сила
27 # 49,4.14-16 А како говориш ти, Јакове, и ве­лиш, Израеле: „Патот ми е сокриен од Господ, делото мое е заборавено пред мојот Бог?“ 28#1 Мојс 21,33; Пс 147,5; Рим 11,34Зар не знаеш? Зар не си слушал дека вечниот Бог, Кој ги создал краиш­тата на земјата, не се изморува и не изнемоштува; Неговиот разум е не­испитлив. 29Тој му дава сила на уморениот и му дарува јачина на изнемоштениот. 30#Амос 2,14Се уморуваат и момчињата и осла­буваат, и млади луѓе паѓаат, 31#2 Сам 1,23; Пс 103,5а оние кои се надеваат на Господ, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат.

Селектирано:

Исаија 40: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се