Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 39

39
Казната на Езекија
(2 Цар 20,12-19)
1 # 2 Сам 8,9-10; 2 Цар 20,12-19 Во тоа време вавилонскиот цар Меродах-Баладан, син Балада­нов, испрати до Езекија писмо и дарови, зашто беше чул дека тој бил болен и оздравел. 2#Ер 9,23Им се зарадува Езекија на гласниците и им ја покажа својата ризница, среброто и златото, пријатните мириси и скапоцените масла, целата своја оружница и сѐ што се наоѓаше во неговата ризница, – не остана ништо, што не им го покажа Езекија во домот свој и по целото свое царство. 3#2,7; 7,3; 30,1Тогаш дојде пророкот Исаија кај царот Езекија и му рече: „Што рекоа овие луѓе? Од каде дојдоа при тебе?“ Езекија одговори: „Од далечна земја дојдоа тие кај мене, од Вавилон.“ 4И праша Исаија: „Што видоа тие во твојот дом?“ Езекија одговори: „Видоа сѐ што има во мојот дом; ништо не остана во мојата ризница, што не им покажав.“ 5И му рече Исаија на Езекија: „Ислушај го словото на Господ Саваот: 6#2 Цар 24,12-14; Ер 20,5; 27,21-22; Зах 14,1ете, ќе дојдат дни, и сѐ што има во домот твој и што собрале татковците твои до денес, сѐ ќе биде однесено во Вавилон; ништо нема да остане, вели Господ. 7#Ер 52,28-30; Дан 1,3; 1 Цар 21,29Ќе земат и од твоите синови, што ќе произлезат од тебе, што ќе ги родиш, и тие ќе бидат евнуси во дворецот на ва­вилонскиот цар.“ 8А Езекија му рече на Исаија: „Добро е словото Господово, што ти го изрече; а во себе помисли: барем ќе има мир и сигурност во текот на моите дни.“

Селектирано:

Исаија 39: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се