Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 41

41
Господ владее со историјата
1 # Авак 2,20 Молкнете пред Мене, острови, и народите нека ги обноват силите свои; нека се приближат и нека речат: да излеземе заедно на суд. 2#40,23; 45,1-2.13; 46,11Кој Го издига од исток Правед­никот, кој Го повикува да оди пред Него? Кој Му ги предаде народите и Му ги покори царевите? Тој ги претвори во прав со Неговиот меч, со Неговиот лак – во плева, развеана од ветар. 3Тој ги гонеше, Тој газеше сигурно по патот, одвај допирајќи го со нозете Свои. 4#44,6; Пс 102,27; Откр 1,17; 22,13Кој го направи и изврши тоа? Оној, Кој во почетокот ги повика родовите; Јас, Господ, Јас сум првиот, и со последните – Јас сум истиот. 5Островите видоа и се ужасија, краиштата земни затреперија. Тие се зближија и се собраа; 6#40,19-20; 44,10-12; 46,6секој му помага на другарот свој и му вели на братот свој: „Држи се!“
Беспомошни идоли
7 # Ер 10,4 Леарот го бодри златарот, тој што сплескува со чекан го храбри оној што кове со ковална, велејќи за спојката: „Добра е“; и ја зацврстува со клинци, за да биде цврста.
Божјиот избран слуга
8 # 44,1; Пс 105,6; Лк 1,54; Евр 2,16; Јк 2,23 „А ти, ти Израеле, слуго Мој, Јако­ве, кого Јас те избрав, семе на Мојот пријател Авраам, 9#42,6ти, кого го зедов од краиштата на земјата и го повикав од краиштата нејзини, и ти реков: Ти си Мој слуга, Јас те избрав и нема да те отфрлам. 10#8,10; 43,5Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не вознемирувај се, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победо­носна десница.“ 11#45,24; 54,17; Пс 6,10Ете, посрамени и понижени ќе ос­танат сите, што се наежени против тебе, – ќе бидат како ништо и ќе загинат оние што се препираат со тебе. 12#40,17; Пс 37,10Ќе ги бараш – и нема да ги најдеш, нив, кои непријателствуваат против тебе; оние кои се борат против тебе ќе бидат како ништо, наполно ништо; 13#45,1зашто Јас сум Господ, Бог твој; те држам за твојата десна рака, ти велам: „Не плаши се, Јас ти помагам.“ 14#43,3; 44,6; Пс 78,35; Лк 1,68„Не плаши се, црву Јакове, малуброен Израеле, – Јас ти помагам, вели Господ, Јас твојот Искупител, Светецот Израелов.“ 15#28,27-28; Амос 1,3Ете, Јас ќе те направам остар ди­кел, нов, назабен; ти ќе ги кршиш и ќе ги ситниш планините, и ридовите ќе ги направиш како прав. 16#29,19; Ер 15,7; Мт 3,12Ти ќе ги вееш, ветрот ќе ги разнесе, и виорот ќе ги развее; а ти ќе се зарадуваш во Господ, ќе се фалиш со Све­тецот Израелов.
Помошник на сиромасите
17Сиромаси и неимотни бараат вода, и нема, јазикот им се исушува од жед: Јас, Господ ќе ги чујам, Јас, Бог Изра­елов, нема да ги оставам. 18#35,6-7; 43,20; 48,21; Пс 107,35; 114,8Ќе отворам реки на врвот од горите и извори среде долини; пустината ќе ја направам езеро и сувата земја – водни извори; 19#55,13; 60,13ќе насадам во пустина кедар, ситим, мирта и маслинки, ќе насадам во степите кипарис, јавор и бука заедно, 20#66,2; Јов 12,9сите да видат и познаат, и да разгледаат и разберат дека раката Гос­подова го направи тоа, дека Светецот Израелов го создаде тоа.
Идолите се бескорисни
21 # 43,8-13.15; 44,6-11 Претставете го спорот свој, вели Господ; дајте ги доказите свои, вели Царот Јаковов. 22#46,10Нека дојдат и нека ни кажат што ќе биде; нека објават нешто, пред да стане, и ние ќе проникнеме со умот свој и ќе дознаеме, што ќе биде потоа, или нека ни претскажат за иднината. 23#45,7; Ер 10,5Кажете што ќе биде во иднина, и ние ќе познаеме дека сте богови, или направете нешто добро или лошо, за да се зачудиме и стаписаме. 24#41,29; 44,9Но вие сте ништо, и делото ваше е ништожно; одвратен е оној што ќе ве избере. 25#41,2; 45,13; Наум 3,14Јас го подигнав од север, и тој ќе дојде; од изгрев сонце ќе го повикува името Мое#41,25 или ќе го повикам по име. и ќе ги гази кнезовите ка­ко кал, и ќе ги гази, како грнчар глината. 26#45,21; 46,10Кој објави за тоа од почетокот, за да знаеме, и многу порано, за да можеме да кажеме: „Вистина ли е!?“ Но никој не кажал, никој не објавил, никој не ги чул вашите зборови. 27#40,9Јас прв реков на Сион: „Ете го, и му дадов на Ерусалим благовесник.“ 28#40,13; 44,19И така, Јас гледав, и немаше никого, меѓу нив не се најде советник, за да можам да ги прашам, и тие да одговорат. 29#41,24Ете, сите тие се ништо, ништожни се и делата нивни: ветар и ништожност се нивните идоли.

Селектирано:

Исаија 41: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност