Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 4

4
Месијански ветувања
1 # 1 Мојс 30,23; Ер 15,16; Амос 9,12; Лк 1,25 Во оној ден, седум жени ќе се фатат за еден маж и ќе речат: „Свој леб ќе јадеме и своја облека ќе носиме, доста е само да се нарекуваме со твоето име – симни го од нас срамот наш!“ 2#6,13; 53,2; Ер 23,5-6; Зах 3,8; 6,12; Пс 72,16Во оној ден фиданката Господова ќе се јави во убавина и чест, а плодот на земјата – во величие и слава, за спасе­ните синови израелски. 3#10,20; 37,31; Ез 6,8-9; Соф 3,13; Мал 3,16Тогаш преостанатите на Сион и пре­живеаните во Ерусалим – сите, запиша­ни како да живеат во Ерусалим, ќе се нарекуваат свети, 4кога Господ ќе ја измие нечистотијата на ќерките сионски и ќе ја исчисти крвта на Ерусалим од средината негова со дух, кој суди и со дух, кој пали. 5#2 Мојс 13,21-22; Ос 7,6; Пс 19,5; Плач 2,3И ќе направи Господ над секое мес­то на гората Сион и над собранијата, облак и дим дење, а блесок од пламнат оган – ноќе; зашто слава ќе покрива сѐ. 6#25,4-5; Пс 91,2; Откр; 7,15-16И ќе има шатор за сенка дење од припек и засолниште и заклон од лошо време.

Селектирано:

Исаија 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се