Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 3

3
Суд над Ерусалим и Јуда
1 # Ез 14,13; Амос 8,11 Ете, Господ Бог Саваот ќе го одземе од Ерусалим и од Јуда жезолот и помошта, секоја поткрепа во леб и вода, 2храбар водач и војник, судија и пророк, јасновидец и старец, 3војсководец и големец, советник, му­дар уметник и вешт говорник. 4#Проп 10,16Ќе им дадам момчиња за началници, и деца ќе владеат над нив. 5#19,2; Мих 7,2.6А во народот еден ќе угнетува друг, и секој – својот ближен; момче бесрамно ќе се прави голем пред старец и простак – пред големец. 6Тогаш човек ќе се фати за братот свој, во челадта на татко си свој и ќе рече: „Ти имаш наметка, биди ни водач, и овие урнатини нека бидат под твоја рака.“ 7#Ер 14,19А тој со клетва ќе рече: „Не мо­жам да ги излекувам раните на народот; и во мојата куќа нема ни леб, ни облека: не правете ме водач на народот.“ 8Така пропадна Ерусалим, и падна Јуда, зашто јазикот нивни и делата нив­ни се против Господ, навредливи пред очите на Неговата слава. 9#1 Мојс 18,20-21; 19,4-11; Ос 5,5; 1 Тим 5,24Изразот на лицето нивно сведочи против нив, а за гревот свој тие кажу­ваат отворено, како содомците, не кријат: тешко на душата нивна! Сами на себеси навлекуваат зло.
Лоши водачи
10 # Пс 58,11; Изреки 1,33 Кажете му на праведникот: „Блазе му, зашто тој ќе ги јаде плодовите на делата свои; 11#Гал 6,7а на беззаконикот – тешко нему, за­што врз него ќе паднат делата на рацете негови! 12#Ос 4,12; Мих 3,5Угнетувачи на Мојот народ се децата, и жени владеат над него. Народе Мој, твоите водачи те доведуваат до заб­луда и го раскопуваат патот по кој одиш.“ 13#Ер 2,9; Ос 4,1-5; Мих 6,1-5; Пс 50,4Се крена Господ на суд – и стои, за да го суди народот. 14#5,1-7; Амос 2,6-7; Мих 2,1-3Господ влегува во суд со старе­шините на Својот народ и со неговите кнезови: вие го опустошивте лозјето; ограбеното од сиромасите е во вашите куќи. 15#Амос 2,7; Пс 94,5; Изреки 22,22-23„Зошто го угнетувате народот Мој и ги газите сиромасите?“ вели Господ Бог Саваот.
За ерусалимските жени
16 # Ез 16,50; Амос 4,1-3; Соф 3,11 Потоа рече Господ: „Поради тоа што ќерките сионски се гордеат и одат со исправени вратови, што освојуваат со погледите, и ситно одат и со веришки на нозете тропкаат, 17#47,3; Ер 13,26; Ез 16,37; Амос 8,10Господ ќе го оголи темето на ќер­ките сионски, и ќе го открие срамот нивни.“ 18Во оној ден Господ ќе ги одземе убавите веришки на нозете, секакви шнолички и полумесечинки, 19обетки, ѓерданчиња и ладила, 20превези, гривни и појаси, стакленца со мириси и уметнички украси, 21прстење и алки за нос, 22горна облека и долна, шамичиња, 23светли тенки наметки, кошули, забратки и покривала. 24#15,2; Амос 8,10И наместо пријатен мирис ќе има смрад и место појас – јаже, место кад­рени коси – ќелави глави, наместо ши­рока наметка – тесно вреќиште, место убавина – лузна. 25#2 Сам 1,12; Ос 14,1; Пс 78,64Мажите твои ќе паднат од меч, а јунаците твои – во битка, 26#47,1; Ер 14,2; Јов 2,13; Плач 1,4; 2,10и портите на престолнината ќе воздивнуваат и ќе плачат, а таа ќе седи напуштена на земјата.

Селектирано:

Исаија 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се