Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 33

33
Безбедноста на Ерусалим
1 # 16,4; 17,14; 24,16; Ер 30,16; Авак 2,8 Тешко тебе, пустошнику, кој не си бил опустошуван; грабачу, што не си ограбуван! Кога ќе го завр­шиш опустошувањето, ќе бидеш опустошен и ти; кога ќе прекратиш со грабежите, и тебе ќе те ограбат. 2#25,9; 30,18-19; Ер 14,8; 30,7; Пс 32,10; 33,22; 46,2Господи, помилуј нѐ, на Тебе се надеваме! Биди наша поткрепа од рани зори и наше спасение во неволја! 3#17,13; 4 Мојс 10,35; Пс 46,6; 48,5-8; 68,2Од страшниот глас Твој ќе избегаат народите; кога ќе се кренеш, ќе се распрснат племињата, 4#9,2ќе го истребат пленот ваш, како што гасеница истребува; ќе се нафрлат врз неа, како што скакулци се нафрлуваат. 5#2,11.17; 32,1; 2 Сам 7,22; Пс 57,5; 83,18; 97,9Возвишен е Господ, Кој живее во висините; Тој ќе го исполни Сион со праведност и правда. 6#11,2; Изреки 9,10Ќе настанат твоите безопасни вре­миња, изобилно спасение, мудрост и знаење; стравот од Господ ќе биде твоето богатство.
Господ во акција
7 # 29,1 Ете, нивните јунаци викаат по ули­ците; пратениците за мир горко плачат. 8#24,4-5; 34,10; Суд 5,6Патиштата запустеа; патници веќе нема; договорот е прекршен, заклетвата е погазена, обзир нема кон никого. 9#24,4; 35,2; Амос 1,2; Наум 1,4Земјата тагува, се суши; Ливан е посрамен, овенат; Сарон заприлега на пустина, а Башан и Кармил се оголени од лисјата свои. 10#Пс 12,5Сега ќе станам, вели Господ, сега ќе се издигнам, сега ќе се возвисам. 11#26,18; 59,4; Пс 7,14Сено сте зачнале, слама ќе родите; дишењето ви е оган, кој ќе ве голтне. 12#9,18; 10,17И народите ќе бидат како вар што врие, како пресечени трња ќе бидат изгорени во оган. 13#49,1Слушајте, вие, далечни, што ќе направам; и вие, блиски, познајте ја Мојата моќ.
Казни и награди
14 # 30,27; 5 Мојс 9,3 Се уплашија грешниците на Сион; морници ги обзедоа нечесните: „Кој од нас може да живее при оган што голта? Кој од нас може да живее при вечен пламен?“ 15#1,10-16; 5,22-23; Пс 15,2-3.5; 118,19.20; 119,37Оној, што оди во правда и говори вистина; кој презира печалба преку угнетување, ги воздржува рацете свои од поткуп, ги затина ушите за да не слуша за крвопролевање, и ги затвора очите да не го гледа злото, 16#30,20; Авд 1,3тој ќе живее на висините: засолниште му се непристапните карпи; ќе му се даде леб; водата негова нема да пресуши.
Господ е нашиот Цар
17 # 6,5; 26,15; Ез 28,7.12; Пс 45,2 Очите твои ќе го видат Царот во Неговата убавина, ќе гледаат непрегледна земја; 18#37,1-6; 1 Кор 1,20само срцето твое ќе си спомни за ужасите: „Каде е оној, што пребројуваше? Каде е оној, што го одмеруваше данокот? Каде е оној, што ги надгледуваше кулите?“ 19#28,11; 5 Мојс 28,49; Ез 3,5-6Нема повеќе да видиш народ свиреп, народ со неразбирлив збор, со јазик туѓ, несфатлив. 20#32,18; 54,2; Пс 46,5Погледни го Сион, градот на ваши­те празнични собранија; очите твои ќе го видат Ерусалим, мирно живеалиште и непоколеблива скинија; столбовите нејзини никогаш нема да се помрднат, и ниедно од јажињата нема да се скине. 21#12,6; 32,2; Ез 47,1-12; Пс 46,4Таму кај нас Великиот Господ ќе биде место реки, место широки канали; таму нема да влезе ниедна лаѓа со вес­ла, ниту ќе премине голем кораб.
Господ е наш Судија
22 # 2,4; 6,5; 25,9; Пс 50,6; 74,12; 93,1; Јк 4,12 Зашто Господ е наш судија, Господ е наш законодавец, Господ е наш цар: Тој ќе нѐ спаси. 23#9,2Ослабнаа јажињата твои, не можат да ги додржат јарболите и да ги затегнат платната. Тогаш ќе има голем дележ на пленот, дури и сакатите ќе тргнат по грабеж. 24#Мих; 7,18-19И ниеден од жителите нема да каже: „Болен сум“; а на народот што живее таму, ќе му бидат простени гревовите.

Селектирано:

Исаија 33: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се