Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 29

29
Ерусалим ќе страда
1 # 33,7; 37,35; 3 Мојс 23,4-37 Тешко му на Ариил, на градот Ариил, каде што живееше Да­вид! Притурете година врз година; нека колат жртви. 2#33,7-9; Ез 24,2-14Но Јас ќе го притеснам Ариил; и ќе има плач и тагување; тој#29,2 Ерусалим ќе остане кај Мене како Ариил#29,2 Олтарско огниште. 3#22,2-11; 2 Цар 25,1-2; Лк 19,43Ќе се сместам на логорување око­лу тебе и ќе те стеснам со набљудувачка стража, ќе подигнам против тебе тврдини. 4#1 Сам 28,14И ќе бидеш понизен, ќе говориш како од под земја, и зборот твој ќе биде глув како говор од под прав, и гласот твој ќе биде како глас на мртовец, и зборот твој ќе се шепоти од под правот. 5#17,13-14; 25,2-5; Пс 1,4Твоите непријатели ќе бидат бројни, а угнетувачи на број како развеана плева. И тоа ќе стане нена­дејно, во еден миг: 6#30,27-30; 66,15; 2 Мојс 13,22; 19,16Господ Саваот ќе те посети со гром и потрес, со силен глас, со бура и виор, со пламен од оган што голта сѐ. 7#Пс 73,20; Јов 20,8И како сон, како ноќно видение во сон ќе биде: мноштво од сите народи, што војуваат против Ариил, од сите, излезени против него и тврдините негови, и од оние што го притесниле. 8И како што гладен сонува дека бо­жем јаде, но се разбудува, гладен; и ка­ко што жеден сонува дека божем пие, но се разбудува, премален и же­ден: истото ќе стане и со множеството од сите народи, што војуваат против гората Сион.
Самоизмамливи пророци
9 # 51,21; Ер 23,9; Авак 1,5 Чудете се и скаменете се, ослепете и бидете слепи, опијанете се, но не од вино – тетеравете се, но не од жесток пијалак; 10#19,14; 1 Сам 16,14; 26,12; Мих 3,6-7; Рим 11,8зашто Господ испрати врз вас дух на успивање и ги затвори вашите очи, о пророци, и ги сокри вашите глави, о јасновидци! 11#Дан 12,9; Откр 5,1-5; 7,1-5И секое пророштво за вас е како зборови во запечатена книга, што му ја даваат на оној, кој знае да чита книга, и велат: „Прочитај ја“, а тој одговара: „Не можам, зашто е запечатена.“ 12#Дела; 8,30-31И му ја даваат книгата на оној, кој не знае да чита, и велат: „Прочитај ја“; и тој одговара: „Не знам да читам.“ 13#1,11-15; Амос 5,21; Пс 78,36-37; Мт 15,8-9; Мк 7,6-7; Кол 2,22И рече Господ: „Бидејќи овој народ се приближува кон Мене со устата своја, и со јазикот свој Ме почитува, а срцето негово му останува далеку од Мене, и почитувањето нивно пред Мене е само научено човечко правило; 14#Авак 1,5; Јов 12,17; 1 Кор 1,19; Ефес 4,18затоа, ете, Јас ќе постапам пак нео­бично со овој народ, чудно и чудесно, така што мудроста на мудреците негови ќе загине, и разум во разумните нема да има.“ 15#Пс 10,4; Јов 22,13; 24,15; 34,21-22; Јн 3,19-20Тешко на оние што мислат да се сокријат во длабочината, за да ги скријат своите намери од Господ, кои ги вршат делата свои во мрак и велат: „Кој ќе нѐ види, и кој ќе нѐ дознае?“ 16#45,9; 64,7; Ер 18,6; Рим 9,20Каква неразумност! Можеме ли да го сметаме грнчарот за глина? Ќе каже ли делото за оној што го направил: тој не ме направи? И ќе каже ли направеното за мајсторот свој: тој не разбира?
Надеж за иднината
17 # 32,15 Уште малку, сосема малку, и Ливан нема ли да се претвори во градина, а градината нема ли да се претвори во гора? 18#32,3; 35,5И во тој ден глувите ќе ги чујат зборовите од книгата, и очите на сле­пите ќе прогледаат од темнината и мракот. 19#14,30; 41,17; Мт 5,3-4И оние што страдаат, сѐ повеќе и повеќе ќе се радуваат во Господ, а сиромасите и бедните луѓе ќе воскликнуваат во Светецот Израелов; 20#28,14.20зашто нема повеќе да има силник, хулител ќе исчезне; а ќе бидат истре­бени и сите што смислуваат зло, 21#1,1-2; Амос 5,10кои го збркуваат човекот со зборови и му распнуваат мрежи пред портата на Судијата и го отфрлаат правиот. 22#41,8; 45,17; 51,2Затоа така вели Господ за Јаково­виот дом, Оној, Кој го откупи Авраама: тогаш Јаков нема да биде во срам и лицето негово веќе нема да побледува. 23#8,13; 49,26; 60,21; 64,8Зашто кога ќе ги види околу себе децата свои, дело на Моите раце, тој свето ќе го почитува името Мое и свето ќе го почитува Светецот Јаковов, со трепет ќе стои пред Бог Израелов. 24#28,9Тогаш оние што се со духот заблудени ќе ја познаат мудроста, и непокорните ќе се вразумат.

Селектирано:

Исаија 29: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се